Најави за акции кои следат

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

Извештаи од изминати акции

Родители и деца во епизодата: Скриеното богатство на Матка 28.10.2018

Родители и деца во епизодата: Скриеното богатство на Матка 28.10.2018

ПЛАНИНАРСКО СПОРТСКО ДРУШТВО МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ Ве Поканува на планинарска акција – Родители и деца во епизодата: Скриеното богатство на Матка Опис на акцијата: Св. Богородица – Св. Спас – Св. Богородица. Должина на патеката: 6 km. Висинска разлика: 340 m. Стартна точка на искачувањето: Св. Богородица (на влез во кањонот Матка) 300 мнв. Опис на патеката: Поаѓаме од паркингот пред манастирот Св. Богородица, на влез од кањонот Матка, пред куќичките со кајаците. На почеток се движиме по широк пат кој минува меѓу ниски грмушки со понекоја ливатка. На една од ливатките, 900 метри по стартот, пред остро да свртиме лево по шумска патека го правиме првиот одмор и го бараме скриеното богатство по карта. Пронајденото богатството го делиме со сите. Потоа се движиме низ шумска патека речиси по изохипса, до преубав видиковец. На видиковецот ја правиме втората пауза и потрага по скриеното богатство. Истите правила за делење на најденото богатство важат и овде. Лево од видиковецот е стрмно и затоа тука сме претпазливи, а нашата патека продолжува десно, право нагоре. По куса угорнина, излегуваме на рамна ширинка каде ја правиме третата пауза со потрага по ново скриено богатство. Понатаму патеката се движи по блага стрмнина до излегувањето на широк колски пат по кој продолжуваме до манастирот Св. Спас на 640 мнв. Тука правиме едночасовна пауза во широкиот манастирски двор. По паузата се враќаме назад по истата патека. Напор: Патеката е лесна, со брзина прилагодена на способноста на учесниците. Времетраење на акцијата (вкупно): 4-5 часа Опрема (задолжителна / препорачана): • Ранче • Планинарски чевлички или високи патики • Облека соодветна на времето, капа, ракавици, облека за преслекување, очила за сонце... read more
Шупља Стена, 11 октомври 2018

Шупља Стена, 11 октомври 2018

Што да се каже?! Тура каква што би посакал секој планинар, особено на временски услови какви што беа вчера. Датумот на одржување на акцијата не случајно одбран, октомври. Планината гори во овој период, „очобол“ како што се изрази некој од групата. Бои кои не можат да се видат во урбани средини, ниту во парк, ниту на водно… тоа не се вистинските бои. За да ги видите во полн сјај, ќе мора дефинитивно да отидете на планина, подалеку од цивилизација, таму каде што нема смог, таму каде што сончевиот зрак нема што да го сопре, пригуши. Интересот за оваа акција беше голем, но, за жал, поради кондиционата и техничката тежина на турата, бројот на учесници моравме да го ограничиме на 30-тина искусни планинари, колку што може да собере врвот а да не се чувствуваме како сардини во конзерва. Тргнавме во 5 часот од Скопје. Една група планинари од Охрид ни се придружи и двајца „мештани“, вкупно 31 човек. Нешто по 7 часот стартувавме од Жировница. Се движевме по стандардната маркирана патека, по течението на Таировска Река, поминавме помеѓу Куртово Ќуле и Арпушки Камен, па преку седлото помеѓу Плоча и Три Синори во правец на преминот Шкртец. Го испречивме целото подножје на Шупља Стена по прилично кос терен до под самиот врв и на крај право нагоре до крајната дестинација. Попатно има само еден извор со питка вода на влезот во шумата, на околу 2.5 км. oд селото. Движењето се одвива по разгазена маркирана патека се до Шкртец. До самиот врв се стигнува по тревнат терен. Последните 100-150 метри се технички, се поминува тесен срт, од двете страни се провалии. На... read more

Родители и деца на Водно

Има ли нешто поубаво од пасијата што ја делиме да ја споделиме со најмладите? На еден од состаноците на ПСД Макпетрол беше изнесена идејата за реализација на планинарска акција со која ќе бидат опфатени најмладите. Едногласно прифатената идеја премина и кон нејзина реализација. Да работиш со деца е вистинска привилегија која те исполнува во целост, но за сметка на тоа си носи голема тежина и одговорност. Свесни за сето тоа, преминавме кон реализација на акцијата. Беа ангажирани повеќе планинарски водичи кои неколку дена предходно ја проверија и ги маркираа клучните места долж патеката. Изработивме карти од патеката прилагодени со возраста на учесниците. На објавата за акцијата се пријавија 28 дечиња. Денот помина со весел детски џагор по падините на Водно. Изодевме  6.5км со висинско искачување од 500м D+ во времетраење од 5 часа. Научивме да се лоцираме на карта според однапред означени објекти, да препознаваме планинарска маркација, да се движиме во колона еден позади друг, да отпоздравувме на минувачи што ќе ги сретнеме. Се запознавме со разликите помеѓу див и питом костен. Еколошки потпомогнавме со собирање на пластичен и хартиен отпад.  Кога денот ќе ти помине според однапред планиран и успешно завршен план во присуство на најмладите, не ти останува ништо повеќе од полно срце радост и емоција која ти дава сила да продолжиш и понатаму со тоа што си го започнал. Ние си поминавме ПРЕНАЈУБАВО, драги родители и деца! Се надевам и вие! Големо БЛАГОДАРАМ до Ирена, Јовица, Љубица, Христифор, Велимир, Илија, Александар, Љупчо, Игор, Андреја, ПРЕКРАСНИ СТЕ ! Се гледаме на следна дружба!   П.С. Небрусениот дијамант нема вредност, создавајте здрави навики од млади години така станувате... read more