Најави за акции кои следат

Родители и деца во епизодата: Суперхерои на Попова Шапка (27.1.2019)

Нашата суперхеројска акција претрпе измени! Нашите Суперхерои се ангажирани да обучат нови идни Суперхерои на нови вештини и моќи на Попова Шапка во Зимската Школа за Суперхерои во недела (27.1.2019). Затоа ја менуваме локацијата на акцијата на ПОПОВА ШАПКА и за нашите најмали Суперхерои и се вклучуваме во мини Суперхеројско училиште. Опис на акцијата: Суперхерој е човек кој поседува натприродни или супер-човечки моќи, посветен на победата на доброто над злото во Универзумот, заштитник на луѓето, сите живи суштества и природата. Под Конаците на Попова Шапка, на оваа супер-акција ќе ги запознаеме нашите Суперхерои: Супер-Маркацист, Супер-Планинар, Супер-Тркач, Супер-Качувач и Супер-Спасувач кои ќе ги претстават нивните супермоќи и супер-орудија. Тие ќе не научат како да се движиме по снег, со супер-стапчиња, ќе допреме со прстињата супер-боцки на супер-дерези, ќе видиме преостар супер-цепин, и ќе ни покажат како со помош на едни широоооки, шарени, пресмешни додатоци наречени супер-дрезги добиваме супермоќ да можеме да се движиме без да пропаѓаме во прееееедлабок снег. Оти кога ќе пораснеме и ние ќе бидеме Суперхерои! Со супер-појаси и супер-шлемови! Потоа ќе направиме супер-колона и ќе научиме супер-јазли со едно суперхеројско јаже и сите заврзани на јажето малку ќе планинариме па се до хотел Арена каде ќе ги стоплиме рачињата и ножињата покрај оганче. Таму ќе играме игри и ќе ги повторуваме супер-орудијата и супер-јазлите. Со мнооогу супеееерхеројски стикери и бонбони. Дотогаш нашите Суперхерои ќе направат зимско супер-засолниште, а ние, откако ќе го погледнеме и провериме, ќе кажеме дали иглото е суперхеројско и дознаеме што е она сребреното во кое Суперхероите личат исто како наградните бонбончиња. И тука нашата прва мини суперхеројска обука доаѓа при крајот 🙂 Локација... read more

3 фебруару 2019 Б Р Е З О В И Ц А (планинарење, скијање)

  (Еднодневна акција за планинарење и скијање) ПРОГРАМА: 3 фебруари 2019 (недела) – Во 7ч поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта. Околу 9ч пристигање во ски-центарот Брезовица нa 1740м. Скијачите на скијање а планинарите: ГРУПА А – кон гребенот со врвот Пирибег 2524м. ГРУПА Б – прошетка по достапните безбедни падини со утабани патеки. Во 18ч враќање за Скопје. ЦЕНА – 700 денари за превоз. ПОТРЕБНА ОПРЕМА ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ – топла зимска облека, планинарски кондури, капа, подкапа, ракавици, челна лампа, стапчиња, дерези, по можност и цепин, шише со вода или термос со чај. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – лична карта и планинарска книшка со маркица за 2019г. ПРИЈАВУВАЊЕ И  УПЛАТА на тел.  070 725 – 880,  070 200 – 506 e-mail:  nikola.donovski@gmail.com ВОДИЧИ: Дарко Трајковски, Никола Доновски.    ... read more

23 август – 1 септември 2019 К О Р Ч У Л А, П Е Љ Е Ш А Ц

Традиционална акција на ПСД Макпетрол. Ја објавуваме порано заради неопходното планирање на годишен одмор и навремено обезбедување на сместување и превоз. Островот КОРЧУЛА (Corcyra Nigra) припаѓа на Дубровачко – Неретванската жупанија, има површина од 279 км2, должина 47км, ширина 5,3 – 7,8км. Има 16.000 жители. Највисоки брда се Клупча 568м и Ком 508м. Корчула е шести по големина Јадрански остров. Климата е блага медитеранска со просечни температури во јануари 9,8оС и во јули 26,9оС. Островот е прекриен со медитеранска флора и понекаде со шума од борови. Едно од најразвиените полиња е Блатско поле кое е и најголемо. Островот е поврзан со траекти со Оребиќ на полуостровот Пељешац и со Ублим на островот Ластово а на лето и со други градови и со Италија.     Траект на Јадролинија.                                                 Градот Корчула. Најголеми населени места се главниот град Корчула, Блато и Вела Лука. Во градот Корчула постои куќата во која е роден Марко Поло. Според легендата Тројанскиот јунак Антенор ја населил Корчула во 12 век пред Христа. Второ населување извршиле Илирите. Корчула била освојувана од Дубровачката република, од Венеција, од Австрија, од Наполеон, била под Италијанска и Германска окупација. Од 1945г е во составот на Р. Хрватска. П Р О Г Р А М А : 23 август 2019 (петок) – Во 20ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење преку Призрен и Скадар до Будва. 24 август 2019 (сабота) – Околу 7ч наутро пристигање во Будва. Пауза за одмор и доручек. Будва, словенска плажа Продолжување на... read more

Извештаи од изминати акции

Зимски камп на Церипасина

Втора година по ред, на исто место, во исто време. Ќе стане ли традиција? Останува да видиме, барем така се зарековме. Оваа година имаше голем интерес и најава за повеќе учесници ама на крај испадна да бидеме само седум со три шатори (Мони, Маја, Ели, Миленка, Рики, Јоцо и јас. Во план ни беше изградба на игло и правење бивак во снег но, ниту за едното ниту за другото имаше снег каков што треба, па ја реализиравме утешната бекап варијантата со поставување на шатори. Утрото на 12.01.2019 година, во 7 часот тргнавме од Скопје, не брзајќи никаде, во 8:30 стигнуваме на Попова Шапка, паркираме. Јас одам во полициската станица да ја пријавам акцијата и учесниците, останатите одат во војното на кафе/чај… релаксирано. Во меѓувреме облаците се расчистуваат и наеднаш оние измерените -12 стануваат +12°С. Тргнуваме нагоре по Церипашина, и почнуваме да соблекуваме слој по слој дури не дојдовме до само еден. И пак жешко. Бидејќи натоварени со се што треба и не треба, многу потешки од вообичаено, се движиме споро и правиме позачестени паузи. Мислам дека скоро 3 часа качувавме до куќичката на крајот од двоседот, нов брзински рекорд. Погледот беше величествен. Едноставно не можевме да останеме индиферентни на убавината што не опкружуваше. Тргни застани, ама стигнавме некако. Мала пауза и веднаш се фрливме на копање во снегот (основа за поставување на шаторите). Се занимаваме со тоа околу час, час и половина. Во меѓувреме ги пречекувавме и испраќавме скијачите, бордерите, спид рајдерите и другите заљубеници на зимските спортови на планина. Дружењето со нив заврши со затворање на жичарата. Останавме сами. Сонцето веќе заоѓаше и стануваше многу ладно. Среќа, како... read more
Зимска Школа на ПСК Макпетрол 2019

Зимска Школа на ПСК Макпетрол 2019

Подготовките за петтата традиционална Зимска Школа на ПСК Макпетрол од Скопје, беа како подготовка на воен напад. Претходна подготовка на терен, точен распоред на групите, прецизно времетраење на задачите, ангажирани стручни лица, распределба на опрема … Од една страна, големиот интерес за присуство на Школата не изненади, но од друга страна, го чувствуваме недостатокот на вакви школи и обуки за движење во зимски услови за почетници. На 13 јануари 2019, недела, на Зимската Школа присуствуваа рекордни 106 учесници, од кои 17 водичи, односно презентери од ПСК Макпетрол и од други планинарски клубови. Присутни беа планинари од Скопје, Кичево, Куманово, Кочани, Неготино, Велес, Тетово, Гњилане од Косово.  Место на изведба на Школата беше на Попова Шапка, на падината под Конаците и хотелот Тетекс / Арена. Секоја група броеше по 10 учесници, при што водичите кратко теоретски ги запознаваа со темата, а потоа практично работеа сите заедно.  Имаше по 2 групи за секоја тема, при што секоја група после 30-45 минути се преместуваше кај друг водич. Основната литература за водичите за Зимската Школа беше книгата „Основи на движење низ планини“ од Бојан Полак, преведена на македонски јазик. И, секако наученото од долгогодишното планинарење во разни услови. Во текот на Школата беа презентирани и практично испробани следните теми: Движење низ снег и употреба на планинарски стапчиња Употреба на цепин Употреба на дерези Изработка на зимско засолниште Изработка на снежен профил и презентација на лавински сонди Зимска планинарска облека и опрема Движење со дрезги Движење во наврска и спречување на падови со цепин. Дел до планинарите работеа со своја планинарска опрема, а поголемиот дел работеа со планинарската опрема во сопственост на ПСК Макпетрол... read more

ИЗВЕШТАЈ – БОРОВЕЦ 29.12. – 02.01.2019

Дочек на Нова Година како што прилега. Планина, снег, сонце, планинарење, скијање, весела забава! Искачувањето на Мусала помина во идеални услови – патеката до пл.дом Мусала беше изгазена така да снегот не представуваше проблем. А сонцето блесна убаво уште рано сабајле така што студот од -11 степени не го чуствувавме. Групата броеше 15 планинари, тројца од Македонија и 12 од Србија. По краткиот одмор кај пл.дом Мусала 12 планинари продолжија кон врвот а тројца останавме кај домот и после еден час се вративме кон жичарата. Групата што продолжи кон врвот без проблем се искачи на врвот и беше наградена со блескаво сонце и прекрасни фотографии. На 31.12. скијавме на терените на Маркуџик – на 2300мнв. Пистите беа убаво поминати од ратрак, повторно блесна сонце и убаво скијавме час и половина. А потоа се спушти густа магла и скијањето стана опасно па се вративме долу во сместувањето за да се припремиме за дочекот на Новата 2019 Година. Дочекот помина весело, распеано и разиграно. Останатите два дена скијачите ги искористија за скијање, планинарите за искачување по шумската патека од Боровец до пл.дом Мусала, а некои уживаа во базенот на хотел Рила. СТАТИСТИКА: учесници 45, од Македонија 10.... read more