Архива од сите најави за акции

Мала Корапска Врата и останати врвови > 2700 м.н.в.

Целодневна акција на 6.7.2019 (сабота) на највисоките врвови на планината Кораб, која ќе започне од летната караула (2100 м.н.в.) на источниот дел на Кобилино Поле во правец на превојот Мала Корапска Врата (2478 м.н.в.) од каде ќе се пристапи кон истоимениот врв што е трет по височина на планината Кораб и трет по височина во Македонија воопшто. По искачувањето, насоката на движење ќе биде кон Голем Кораб (2764 м.н.в.) и останатите врвови (Кота 2, Кота 3 и Радомирски Врв) од највисокиот срт на планината. Враќањето ќе се одвива по камењарот до превојот помеѓу Голем Кораб и Кепи Бард, а потоа повторно назад до Кобилино Поле. Целта е во еден ден да се искачат Мала Корапска Врата (2732 м.н.в.) и уште неколку врвови над 2700 м.н.в. во зависност од спремноста на групата, како и временските и теренските услови. Акцијата е многу напорна, посебно искачувањето на Мала Корапска Врата каде што пред врвот обично има незгодни остатоци од снег што не се топат преку летото. Поради тоа е препорачливо носење дерези и цепин, во спротивно на учесниците нема да им биде дозволено завршното искачување. Незгодни за искачување се и Кота 3 (2725 м.н.в.) и Радомирски Врв (2716 м.н.в.) каде што исто така може да има услови да се употреби опремата за движење по снег и по стрмен терен. Доколку временските услови не се задоволителни, акцијата ќе се помести за следниот ден (7 јули, недела) или ќе се откаже.   ВОДАЧИ НА АКЦИЈАТА: Велимир Граоркоски veljogr@yahoo.com, Ирена Диков Цена: 600 денари во кои се вклучени и превоз со теренско возило до летната караула. Пријавувањето ќе се одвива исклучиво преку е-пошта по правилото...

ИЗВЕШТАЈ од акцијата КОСЈЕРИЌ 2019

Тоа беше собир на планинари од Србија на кој беа поканети и клубови од соседните држави. Собирот се одржа во околината на Косјериќ од 14 – 16 јуни 2019 година. Нашата екипа од 4 члена одлучи овој настан да го искористиме за попатно разгледување на една убава дестинација – Специјалниот природен резерват УВАЦ. Затоа тргнавме од Скопје во четвртокот во 15 часот и се упативме кон Косово. Брзо го поминавме Косово благодарејќи на одличниот новоизграден автопат од Генерал Јанковиќ до Приштина. Потоа продолживме преку Косовска Митровица до граничниот премин Рибариќе. На прекрасното езеро Газиводе ја направивме првата пауза во одличен ресторан јадејќи тазе пастрмка од нивниот мал рибник.   Потоа продолживме преку Нови Пазар до градчето Сјеница каде имавме резервирано ноќевање во една пристојна куќа со гостољубиви домаќини. Утредента се упативме кон резерватот Увац. Тоа е многу впечатлива природа која ви ја доловуваме со многу слики. Околу 14 часот завршивме со разгледувањето и се упативме кон Ужице и Косјериќ каде пристигнавме околу 18 часот. Организаторите, ПСК Балкан од Белград не пречекаа и не сместија во убава селска куќа наменета за туризам. Домаќините беа мошне гостољубиви и не нагостија тие два дена со убава домашна храна. Саботата осамна со многу сонце. Околу 10.30часот манифестацијата беше отворена и тројца од нашата екипа се придруживме на колоната планинари со кои пешачевме околу 24км на потегот водопад Скакавац – Црни врх – Дивчибаре – Велики Козомор – водопад Скакавац. И покрај топлото време убаво се изнапешачевме и се вративме дури попладне околу 17часот. Вечерта имаше убаво дружење со музика и игра до доцните вечерни часови. Неделата беше ден предвиден за планинско трчање. Имаше...

23.06.2019 Езерска тура, Скакалачки и Караниколички езера

Опис на акцијата:. Искачување до Скакалачки езера (2320 мнв.) и Караниколичко Езеро (2200 мнв.). Стартна точка на искачувањето: с. Вешала 1250 мнв Опис на патеката: се тргнува од с. Вешала по колски пат неколку километри, потоа се продолжува по беспатје во правец на Шереметица (2310 мнв.) се оди по гребенот на Шереметица. Продолжуваме до врвот Бриња е Шехит (2480 мнв.), Во зависност од подготвеноста на групата можно е искачување и на врвот Маја (2493 мнв.), спуштање до Скакалачки езера, мала пауза. Враќањето ќе биде по изохипса под Маја до седлото помеѓу Шереметица и Скарпа, се спустаме до Караниколичко Езеро, пауза. Враќањето до селото ке се одвива по стандардната маркирана патека која води до с. Вешала. Тежина: должина 22 км. во двете насоки, висинска разлика 1700 м. Ова е напорна целодневна планинарска тура и за истата е потребна одлична психофизичка подготовка и не е предвидена за планинари почетници. Времетраење на акцијата (вкупно): 10-12 часа.  Опрема: Тросезонски планинарски чевли, планинарски стапчиња, повеќеслојна облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, крема за лице со висок УВ фактор, челна лампа, полн мобилен телефон и компас. Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода. Попатно нема извори со вода за пиење Време на поаѓање: 5 ч. од Пошта 2, на железничка станица. Водачи: Тодор Ивановски и Петар Герасимов. Лица за контакт: Тодор Ивановски    070368525 Петар Герасимов     070330765   Превоз: Организиран   Пријавување и плаќање најдоцна до 19 јуни (среда)   Напомена: Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата...
28-30 јуни 2019 – Планинарење и кањонинг на црногорското приморје со ПСД Макпетрол

28-30 јуни 2019 – Планинарење и кањонинг на црногорското приморје со ПСД Макпетрол

Планина Орјен и кањон Шкурда 28 јуни, петок 15:00 – Скопје – Херцег Нови Сместување во планинарски дом „За Вратлом“, на 1160 м (1 час пешачење од паркингот до домот). 29 јуни, сабота Планинарење до врвот Субра (1.679 м.), на планината Орјен. Орјен е планина на приморскиот динарски венец и се простира во Црна Гора, Хрватска и БИХ. Детали на линкот: https://medium.com/vrhovi-crne-gore/subra-1-679-mnm-e90f46eb8f78 Должина на патеката: 7,5 км во обата правци Времетраење: 3 часа 30 јуни, недела 09:00 – кањонинг во кањонот Шкурда, над Котор. Детали на линкот: http://www.shum.mk/magazin05.html Времетраење: 3 часа. 13:00 – поаѓање кон Скопје Потребна опрема: Стандардна планинарска опрема прилагодена на временските услови. Ранец. Планинарски чизми. Планинарски стапчиња. Костим за капење. Водичи: Горан Николоски, Петар Герасимов Водич во кањонот Шкурда: Влатко Контиќ Пријави до 21 јуни. Контакт: Горан Николоски 070/200-506 Петар Герасимов 070/330-765 Цена: во контакт со водичите Цени во планинарскиот дом „За Вратлом“: Ноќевање: 6 евра Полн пансион: 20 евра Напомени: Кањонингот е високо ризична активност. Учесниците треба се пливачи, треба да имаат основно познавање од ракување со јажиња и патничко – здравствено осигурување. Превоз со комбе. Патот води преку Косово и Албанија. За преминување преку границите потребна е само лична карта. Платежно средство во Црна Гора е Евро. Други напомени: Учесниците во акцијата треба да се членови на планинарско друштво / клуб. На планинарењето може да учествуваат сите категории на учесници, а на кањонингот согласно напомените. Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени и да бидат во добра здравствена состојба. Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана. Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите....
07-09 Јуни 2019, Комови ( Црна Гора )

07-09 Јуни 2019, Комови ( Црна Гора )

ЗДРУЖЕНИЕ ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ Ве Поканува на планинарска акција – Комови ( Црна Гора), дел од Динарскиот планински венец. Опис на акцијата: Планината Комови се протега во источна Црна Гора помеѓу реките Лим, Тара и Дрцка и е опкружена со планините Проклетие, Планиница и Бјелашица. Растителниот свет е многу разновиден и богат, благодарение на што овој планински масив претставува потенцијална ИПА ( IPA – Important plant aeras ) област во Црна Гора. Комови се познати по тоа што важат за недопрена природа. На планината се истакнуваат три високи и моќни врвови: Кучки Ком ( 2487 мнв), Љеворечки Ком ( 2469 мнв ) и Васојевички Ком ( 2460 мнв ). Тек на акцијата: 07.06.2019 ( ПЕТОК ) – Собирање на групата на паркингот на Пошта 2 – Железничка станица Скопје во 23:30 часот. 08.06.2019 ( САБОТА ) – Поаѓање од Скопје: 00:00 часот од паркингот на Пошта 2 – Железничка станица Скопје (предвидено е да се патува ноќта за да стигнеме во раните утрински часови во Штавна) – Пристигнување во Штавна: 07:00 часот во Еко катун Штавна, сместување во бунгалови, препакување на опрема. – Во 08.00 часот од Штавна започнуваме со искачување на Васојевички Ком. По кратка пауза за сликање и одмор на врвот групата се упатува кон Еко катунот Штавна, каде може да се посети и етно ресторан. Попладневните часови се за слободни активности и ноќевање. 09.06.2019 ( НЕДЕЛА ) – Будење во 03:30 часот, поаѓање во 04:00 часот кон Меѓукомје, од каде се упатуваме кон Кучки Ком . По кратка пауза на врвот за сликање и одмор се враќаме во Меѓукомје од каде се упатуваме кон...

Водопади на Студенчица, Бистра, Лопушник

Целодневна, амбициозна акција на 9 јуни на југоисточниот дел од планината Бистра, која ќе започне од каптажата на реката Студенчица, преку нејзиниот изворишен дел каде што се наоѓаат водопадите, до питомиот, но висок врв Бистра (2102 м.н.в.) како крајна дестинација, додека враќањето ќе се изврши преку месноста Лопушник (можна е и посета на врвот Стог каде што се наоѓа спомен-плочата на Кочо Рацин) до селото Извор на изворите на реката Треска. Целта е во еден ден да се посетат два од најголемите извори во Македонија и да се одбележи 76 годишнината од загинувањето на Кочо Рацин. Акцијата е многу напорна, во првиот дел до врвот Бистра се оди по беспатје или по незгодни патеки, а и должината од 23+ километри не е наивна. За да се има време успешно да се изведе, акцијата се планира да започне најдоцна до 6.00, што значи дека од Скопје ќе се тргне од бензинската станица на западниот излез во 3.45. Доколку временските услови не се задоволителни, акцијата ќе мора да се откаже.   ВОДАЧ НА АКЦИЈАТА: Велимир Граоркоски veljogr@yahoo.com Пријавувањето ќе се одвива исклучиво преку е-пошта, со оставање контакт телефон за секој учесник поединечно. Пријавените учесници ќе бидат контактирани за деталите најдоцна еден ден пред поаѓањето.   НАПОМЕНА: – секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на водачите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици; – движењето се одвива во група предводена од организаторот и водачите; – водачите имаат право да исклучат учесник уште пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција; – водачите имаат...

16 јуни (недела), Пројфелски Водопад (Корапски Водопад)

Опис на акцијата: Поаѓање од с. Рибница – искачување до Корапски Водопад (1900 м.н.в.). Доколку има заинтересирани ќе се направи група која ќе го искачува блискиот врв Гури Куј висок 2380 м.н.в. Стартна точка на искачувањето: с. Рибница, 1000 мнв. Опис на патеката: се тргнува од с. Рибница, преку Попова Ливада и ливадата Пралуга, се поминува под Рибничка Скала и Кабаш по изохипса и се стигнува до водопадот кој во овој период од годината треба да биде со најмногу вода. Тежина: должина 22 км. во двете насоки, висинска разлика 1600 м. Ова е напорна целодневна планинарска акција и за нејзино изведување е потребна одлична психофизичка подготовка што значи дека не е предвидена за планинари почетници. Во овој период од годината се уште има снежни јазици поради што движењето по нив може да биде отежнато и ризично. Времетраење на акцијата (вкупно): 10-12 часа. Опрема: Тросезонски планинарски чевли, планинарски стапчиња, повеќеслојна облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, крема за лице со висок УВ фактор, челна лампа, полн мобилен телефон и компас. Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода. Попатно има извори со вода за пиење Време на поаѓање: 5 ч. од Пошта 2, на железничка станица. Водачи: Петар Герасимов, Ели Елии, Велимир Граоркоски. Лица за контакт: Велимир Граоркоски 078260617 veljogr@yahoo.com, Тодор Ивановски 070368525; Превоз: Организиран, цена  600 ден. Пријавување и плаќање најдоцна до 12 јуни (среда)   Напомена: Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја...

Родители и деца во епизодата: Ехото на Вртешка и традицијата (1 јуни, сабота)

Опис на акцијата: Македонија има преубави села и богата традиција. Во прекрасни предели со убави традиционални градби. Такво е и селото Вртешка. Стои исправено, но заборавено на западните ограноци на планината Плачковица на 1000 метри надморска висина. Едно од шесте плачковички села, оддалечено 33 километри источно од градот Штип. Напуштено, во преубава мирна природа и блага клима. Она што е останато како спомен од едно живо село е планинарскиот дом Вртешка, убаво реновиран бивш полициски објект на 1107 метри надморска висина, Ехото и традицијата. А традицијата мора да се негува оти инаку нема да постои. Како и Ехото без другари. Ехото на Вртешка кое си игра те на едната те на другата страна на долината. Си игра и едвај чека другари за да гласно се веселат заедно. Дојдете, да си поиграме, да се повртиме околу Вртешка. Да го разбудиме духот на Плачковица. Да ја оживееме преку нас традицијата. Да го запознаеме овој прекрасен крај, да го слушнеме Ехото на Вртешка, како дел од традиционалната акција на ПСК Макпетрол. Должина на патеката: 5,6 km Висинска разлика: 350 m Стартна точка: Шумската куќа над планинарскиот дом Вртешка на 1200 m Опис на патеката: На самиот пат над планинарскиот дом Вртешка има шумска куќа. Тука се собира групата и поаѓаме по колскиот пат надолу кон планинарскиот дом Вртешка. Правиме мала пауза за да научиме што е тоа планинарски дом и за што служи. Се упатуваме кон долината и напуштеното село Вртешка по селска патека. Го истражуваме напуштеното село. Многу македонски обичаи и традиции можат да се видат и почуствуваат како спомен иако напуштено. Не влегуваме во куќите поради безбедност. Повеќето се дотраени...

1 јуни 2019 ПО ТРАСА НА ГАСОВОДОТ – ПЛАЧКОВИЦА

Традиционална еднодневна републичка акција во организација на ПСК МАКПЕТРОЛ Скопје. Акцијата ќе биде изведена на планината Плачковица над Штип. П Р О Г Р А М А: 1 јуни 2019 (сабота) –  Во 6ч. поаѓање на автобусите од жел.станица – паркинг пред Пошта. Околу 8.30ч. пристигање кај шумската куќа над планинарскиот дом “ВРТЕШКА” на 1200м.н.в. Во 9ч. во организирана колона поаѓање кон репетиторот “ТУРТЕЛ”1689м. Одмор кај репетиторот заради сликање и опуштање. Потоа продолжување на пешачењето до месноста “ЦРКВИШТЕ”. Од таму спуштање до планинарскиот дом ВРТЕШКА каде за учесниците ќе биде поделен ручек – планинарско гравче. После 17ч. заминување за Скопје. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАТЕКАТА:  Средно тешка патека. Должина околу 15км. Висинска разлика околу 500м. Пешачење околу 5 часа. Погодна за сите категории на учесници. ПОТРЕБНА ОПРЕМА:  Стандардна планинарска опрема прилагодена на временските услови: планинарски кондури, гамашни, кабаница за дожд, стапчиња, мал ранец со малку храна, 1.5л. вода. ЦЕНА:  350 денари. ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА:  на редовните состаноци во среда 22 мај 2019 и среда 29 мај 2019 во предавална 311 на Машинскиот факултет Скопје со почеток од 19 часот.                                                                   Тел. 070 725-880 / 071 333-263 / 070 864-555 / 078 332-486. ВОДАЧИ:  Лиценцираните водачи од ПСК МАКПЕТРОЛ  и водачи од ПД  ЛИСЕЦ од Штип. НАПОМЕНА:  заради очекувана поголема масовност учесниците се должни да се придржуваат кон советите и наредбите на водачите и да не се одалечуваат од...

14 – 16 јуни 2019 КОСЈЕРИЌ (Србија)

Поканети сме од ПСК Балкан од Белград да учествуваме на настанот Денови на планинарите на Србија. Овој настан го организира ПСК Балкан со подршка од Планинарскиот сојуз на Србија во рамките на 10 годишнината од основањето на ПСК Балкан. Поканети се клубови од соседните држави. Место на одржување на настанот е село Мионица, кај водопадот Скакавац опкружено со планините Маљен и Субјел. Оваа манифестација е погодна прилика за меѓусебно запознавање на планинарите низ учество во планинарски тури, планинарско ориентационо такмичење, планинско трчање, предавања и проекции, изложба на фотографии и секако убаво дружење со пригодна културно уметничка програма. Линк за подетално запознавање со содржината на настанот: http://pkbalkan.org/dani-planinara-srbije-14-do-16-6-2019/   П Р О Г Р А М А: 14 јуни 2019 (петок) – Во 14 часот поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта 2. Релација Скопје – Ниш – Крагујевац – Љиг – Мионица. Пристигање околу 21 часот. Сместување. Ноќевање. 16 јуни 2019 (недела) – Во 15 часот заминување за Скопје.   ПОТРЕБНА ОПРЕМА:  Обична стандардна планинарска опрема, прилагодена на временските прилики. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: Лична карта. Планинарска книшка со маркица за 2019 година. Патничко осигурување. ЦЕНА:  2.200 денари за превоз. СМЕСТУВАЊЕ:  Во сопствен шатор, во домаќинства кои се бават со селски туризам или во хотел. При пријавување обавезно да се наведе видот на сместување. ПРИЈАВУВАЊЕ:  На тел. 070 725-880,  на редовен состанок на клубот, на e-mail: nikola.donovski@gmail.com ВОДАЧ:  Никола...

Архива