17 – 18 август 2019 – Во потрага по Рунолист, Проклетије, Црна Гора

17 – 18 август 2019 – Во потрага по Рунолист, Проклетије, Црна Гора

Честопати, на пат кон планините во Црна Гора, поминувавме покрај Рожаје, град во Црна Гора на границата со Косово. И сме биле воодушевени од врвовите околу градот. Црногорските пријатели ни кажаа дека на планините Хајла и Жлијеб го има многу реткото алпско растение Рунолист (Edelweiss) и тоа ни беше повод на 17 август 2019 да тргнеме во истражувачка акција на источните делови на Проклетије, која ја нарековме „Во потрага по Рунолист“.И бевме воодушевени. Не само од цветот кого го има во изобилие, туку и од убавината на природата и од љубезноста на луѓето. Планинската тура почнува од планинарскиот дом „Гропе“, на 1.890 м, до кого се стигнува на неколку начини: од Рожаје преку селото Банџов на 1.760 м.; со џип по лош земјен пат по исечокот од патот Рожаје – граничен премин Кула – Пеќ, или од долината Ругова во Косово. Обележаната патека почнува од пространите тревнати ливади на Брахимов брег каде што е домот „Гропе“ и води низ ниските борови „Кривуљ“ кон карпестиот гребен на Хајла каде може да се видат цветовите Рунолист. Од седлото под Хајла, на околу 2.200 м., патеката води по јужната стрмна падина на Хајла по која треба внимателно движење. На врвот Хајла (2.403 м.) има место за стоење и седење, но е потребна внимателност бидејќи северната страна на Хајла е длабок амбис. Од врвот се гледаат клисурата Ругова, градот Рожаје, врвовите Ахмица, Жлијеб, и други врвови на Проклетије, Комови, Бјеласица, Шар Планина и Кораб. Патеката од домот „Гропе“ до врвот Хајла е во должина од 6 км. во обата правци, со висинска разлика од 520 метри и со времетраење на искачување од околу... read more
ИЗВЕШТАЈ : 2-4 август 2019  МУСАЛА и 7 РИЛСКИ ЕЗЕРА

ИЗВЕШТАЈ : 2-4 август 2019 МУСАЛА и 7 РИЛСКИ ЕЗЕРА

Август е месец на Рила планина. Најубаво време за посета на оваа планина со највисокиот врв на Балканот. Го искористивме продолжениот викенд за оваа акција. Во петокот – 2 август релаксирано допатувавме до Самоков, се сместивме во пристоен хотел и потоа продолживме до Боровец. Неколку часа поминавме во разгледување на овој убав хотелски комплекс кој изгледа сосема поинаку во летниот период. Рано утредента бевме меѓу првите на жичарата која не издигна до 2300м.н.в. – до Јастребец. Отаму се упативме пешки по изохипса до пл. дом Мусала на 2389м. По краткиот одмор започнавме со искачување кон врвот по летната патека. Кога пристигнавме на 2700м до пл. дом Еверест временските услови се променија. Сонце, јак ветер и ситен дожд често се сменуваа. По паузата во домот сепак се упативме кон врвот. Честитање, фотографирање и краток одмор и потоа враќање. Ветерот се засили и до 50км/час. Кај пл. дом Мусала ветерот се стиши и без проблеми стасавме до жичарата. А кога се качивме во кабинките се истури дожд и згрмеа громови! Се спуштивме навреме долу во Боровец. Таму не чекаше минибусот и задоволни се вративме во хотелот. Вечерта се дружевме во “Шопска срешта” каде со убава вечера и песни го завршивме успешниот ден. Рано наутро следниот ден заминавме кон 7 Рилски езера. Дел од екипата се упативме пешки до пл. дом на 2000м а другиот дел од екипата се искачија со жичарата. Од домот заедно сите појдовме нагоре во разгледување на езерата. Во центарот на круговите каде Дановистите го изведуваат својот ритуал. Глетката е извонредна, неописива убавина. Поголемиот дел од екипата се искачи над последното езеро до камбаната на желбите на 2650м.... read more
22 април – 10 мај 2019 – ХИМАЛАИ

22 април – 10 мај 2019 – ХИМАЛАИ

„Среќна Нова 2076 година“, пишуваше на аеродромската зграда во Катманду.  За 1 милисекунда се најдовме 57 години понапред во времето (според непалскиот календар). И, како изгледаше иднината? Хаос од луѓе и возила, нови и разрушени згради, крави кои преживаа среде улица, ѓубре насекаде и загаден воздух. А, на планина – убавина. Црвени рододендрони, бели глечери, чист воздух и високи врвови. Патот кон Хималаите ни започна на 22 април 2019, кога на аеродромот во Скопје се појавивме со по 30 килограми тешки транспортни торби и ранци во кои имаше експедициски чизми, вреќа за спиење до минус 39˚целзиусови, цепини, дерези, јакни со пердуви, но и со патики и маици со кратки ракави. Колку што е врело во Катманду (+30˚С), толку е ладно на врвот Мера (-30˚С). Во Катманду ги наместивме часовниците за плус 4 часа и 45 минути од времето во Македонија, и ни започна авантурата. А, авантурата почнавме да ја планираме 2 години порано. Истражувавме за врвот Мера и физички, финансиски и логистички се подготвувавме: искачувавме планини во сите сезони, собиравме пари и опрема, купувавме авио карти, преговаравме со непалски водичи. „Во Непал не летаме низ облаци, бидејќи, најчесто во нив има планини“, велат непалските пилоти, а како потсетување дека Лукла е еден од најопасните аеродроми на светот, покрај малата аеродромска писта лежеше срушен авион. За помалку да се гледа, го покриле со платна. Во Thamel, стариот дел на Катманду, се најдовме со Ngatumba Sherpa (Нати), нашиот водич по хималајските височини, а во Лукла (2.850 м.) со нашите носачи. До „нашиот“ врв Мера водат две патеки од Лукла. Една, преку преминот Чатрва Ла (Zatrwa La), на 4.610 метри, кој е... read more
28 – 30 јуни, ОРЈЕН И КАЊОНИНГ ВО ЦРНА ГОРА

28 – 30 јуни, ОРЈЕН И КАЊОНИНГ ВО ЦРНА ГОРА

Мислевме дека адреналински ќе ни биде само кањонингот низ Шкурда, но целото патување до Црна Гора испадна една голема авантура. Почнувајќи од филмското приведување криминалци на албанско – црногорската граница, ноќното возење по брегот на Јадранското море, планинарењето по карстните платоа на Субра и спуштањето низ 20-тина вертикали во тесниот кањон Шкурда.Во планинарскиот дом „За вратлом“ на 1160 м. на планината Орјен, над Херцег Нови, стигнавме доцна во ноќта со помош на возилото на нашиот пријател Влатко Контиќ (Montenegro Adventure и ПК Балкан Монтенегро). Во домот не чекаа и пријателите од Црна Гора, приправници за планинарски водичи, кои организираа приправничка акција до врвот Субра на Орјен. Во сабота наутро, во 9 часот, вкупно 16 луѓе, тргнавме кон Субра (1.679 м.). Орјен е планина на Динарскиот масив и се простира во Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. Тоа е карстна и безводна планина, иако се наоѓа во една од најдождовните области во Европа. Планината во одредени делови е покриена со букова шума, а во одредени делови е гол карст. Има голем број длабоки дупки во карстот, како што е Николина Јама, длабока 188 метри, како и карстни платоа, испукани и избраздени од снег и дожд. Од врвот Субра се гледаше и целата планинска Црна Гора и морската Хрватска. Попладнето Маја Арсиќ Контиќ од Црна Гора ни одржа практично предавање за ITLS (International Trauma Life Support). Доцна попладне, приправниците за планинарски водичи ги завршија инструкциите со правење на огради од јаже. Утрото, во недела, слеговме од Орјен над Херцег Нови, за да се искачиме на планината Ловќен, над Котор. Од паркингот среде Котор излеговме опремени како вонземјани, со појаси, шлемови,... read more
ИЗВЕШТАЈ од акцијата  КОСЈЕРИЌ  2019

ИЗВЕШТАЈ од акцијата КОСЈЕРИЌ 2019

Тоа беше собир на планинари од Србија на кој беа поканети и клубови од соседните држави. Собирот се одржа во околината на Косјериќ од 14 – 16 јуни 2019 година. Нашата екипа од 4 члена одлучи овој настан да го искористиме за попатно разгледување на една убава дестинација – Специјалниот природен резерват УВАЦ. Затоа тргнавме од Скопје во четвртокот во 15 часот и се упативме кон Косово. Брзо го поминавме Косово благодарејќи на одличниот новоизграден автопат од Генерал Јанковиќ до Приштина. Потоа продолживме преку Косовска Митровица до граничниот премин Рибариќе. На прекрасното езеро Газиводе ја направивме првата пауза во одличен ресторан јадејќи тазе пастрмка од нивниот мал рибник.   Потоа продолживме преку Нови Пазар до градчето Сјеница каде имавме резервирано ноќевање во една пристојна куќа со гостољубиви домаќини. Утредента се упативме кон резерватот Увац. Тоа е многу впечатлива природа која ви ја доловуваме со многу слики. Околу 14 часот завршивме со разгледувањето и се упативме кон Ужице и Косјериќ каде пристигнавме околу 18 часот. Организаторите, ПСК Балкан од Белград не пречекаа и не сместија во убава селска куќа наменета за туризам. Домаќините беа мошне гостољубиви и не нагостија тие два дена со убава домашна храна. Саботата осамна со многу сонце. Околу 10.30часот манифестацијата беше отворена и тројца од нашата екипа се придруживме на колоната планинари со кои пешачевме околу 24км на потегот водопад Скакавац – Црни врх – Дивчибаре – Велики Козомор – водопад Скакавац. И покрај топлото време убаво се изнапешачевме и се вративме дури попладне околу 17часот. Вечерта имаше убаво дружење со музика и игра до доцните вечерни часови. Неделата беше ден предвиден за планинско трчање. Имаше... read more
19 – 21 ЈУЛИ 2019 – КАРАНФИЛИ И ОЧЊАК, ПОПАДИЈА, ТАЛИЈАНКА, ВАЛУШНИЦА, ПРОКЛЕТИЈЕ, ЦРНА ГОРА

19 – 21 ЈУЛИ 2019 – КАРАНФИЛИ И ОЧЊАК, ПОПАДИЈА, ТАЛИЈАНКА, ВАЛУШНИЦА, ПРОКЛЕТИЈЕ, ЦРНА ГОРА

19 јули, петок 16:00 – поаѓање од Скопје кон Црна Гора. Сместување во еко – катун, долина Гребаја. 20 јули, сабота Група 1 05:30 – Искачување на Северен врв (2.460 м.) на Каранфили и на Очњак (2.185 м.). Кружна патека во должина од 20 км. Стартна точка: еко катун Гребаја. Прво се искачува Северен Врв (2.460 м.) на Каранфили, а потоа преку камениот отвор Врата се преминува во друга долина од каде што се искачува врвот Очњак (2.185 м.). И на Северен Врв и на Очњак се поставени сајли кои овозможуваат полесен пристап, но со задолжителна употреба на планинарска техничка опрема. Висинска разлика: D+2.100 м. Времетраење на акцијата: 12 ч. Задолжителна опрема: Планинарски чизми, планинарски стапчиња, шлем, појас, сет за ферата, помошно јаже со должина од 80 см. /дебелина 4 мм  (сопствена или клупска опрема) Многу напорна акција Детали од поранешна акција на Северен Врв и Очњак, на линкот: https://www.psdmakpetrol.mk/?p=4470 Водич: Горан НИКОЛОСКИ Група 2 07:00 – Искачување на врвовите Талијанка (1.947 м.), Попадија (2.014 м.) и Валушница (1.740 м.) Кружна патека во должина од 10,2км. Стартна точка: еко катун Гребаја. Висинска разлика: D+ 1.075 м. Времетраење на акцијата: 5 ч. Задолжителна опрема: Планинарски чизми, планинарски стапчиња, Лесна акција Водич: Катица Ацевска 21 јули, недела Група 1 Прошетка по долината Грбаја Водич: Катица Ацевска Група 2 07:00 – Искачување на врвовите Талијанка (1.947 м.), Попадија (2.014 м.) и Валушница (1.740 м.) Кружна патека во должина од 10,2км. Стартна точка: еко катун Гребаја. Висинска разлика: D+ 1.075 м. Времетраење на акцијата: 5 ч. Задолжителна опрема: Планинарски чизми, планинарски стапчиња, Лесна акција Водич: Горан Николоски 14:00 – Поаѓање кон Скопје Опрема за... read more
ИЗВЕШТАЈ од акцијата  ПЛАЧКОВИЦА  2019

ИЗВЕШТАЈ од акцијата ПЛАЧКОВИЦА 2019

И  З  В  Е  Ш  Т  А  Ј од акцијата ПО ТРАСА НА ГАСОВОДОТ – ПЛАЧКОВИЦА 2019 Акцијата ја изведовме на 1 јуни 2019 година на планината Плачковица над Штип. Теренот е шумски појас испресечен со широки шумски патеки и е погоден за акции за учесници од сите возрасти. Два автобуси со 104 учесници појдоа од Скопје во 6.15 часот и околу 8.30 часот пристигнаа над планинарскиот дом Вртешка до крајот на асфалтот. Неколкумина се спуштија во домот а на останатите им се приклучија 9 планинари од Неготино. Во колона групата планинари составена од учесници од разни клубови се упати кон репетиторот Туртел 1630м.н.в.   После получасовната пауза се упативме покрај месноста Црквиште надолу кон планинарскиот дом Вртешка каде групата пристигна во 14 часот. Во планинарскиот дом не пречека група од родители и деца кои пристигнаа утрото нешто покасно после автобусите и одлично планинарско гравче и музичка екипа која ги развесели учесниците. Околу 16 часот учесниците го напуштија пл. дом и се искачија до патот до автобусите и заминаа за Скопје. Должината на патеката беше 16.5 км со висинска разлика околу 500м. Временските прилики беа одлични така што учесниците беа задоволни и расположени а акцијата оценета успешна. Благодарност до сите учесници за присуството и догледање на некоја идна... read more
И З В Е Ш Т А Ј  од акцијата  Т А Р А  –  М А Г Л И Ќ  2019

И З В Е Ш Т А Ј од акцијата Т А Р А – М А Г Л И Ќ 2019

Реката Тара представува гранична линија меѓу Црна Гора и Република Српска. Тоа е извонредно убава река и околна природа со моќен воден потенцијал и едно големо средиште на адреналински спорт – рафтинг. А непосредно над неа се издига висоравнината Вучево која продолжува во еден извонредно убав планински врв Маглиќ 2386м и исто така извонредно убаво Трновачко езеро под врвот. И оваа година во група од 9 планинари престојувавме во кампот 3 воденици покрај реката Тара. Временскиот период беше така одбран да има прилично голем водостај на реката а истовремено надворешната температура да биде над 20 степени. Поаѓањето од Скопје беше според планот во 22 часот на 23 мај 2019г. Брзо ја поминавме македонско – косовската граница и после Качаник се вклучивме на новиот автопат кон Липљан и потоа до Призрен. После Призрен ја поминавме и заедничката косовско – албанска граница и направивме мала пауза. Низ Скадар поминавме во раните утрински часови а пред Подгорица бевме пред зори. Ја сочекавме зората на една бензинска пумпа и потоа се упативме до водопадот наречен Нијагара. Овој водопад е необичен и многу многу атрактивен! Направивме многу фотографии. Потоа влеговме во Подгорица и застанавме пред прекрасниот соборен храм посветен на Христовото воскресение. За жал беше многу рано и после фотографирањето пред храмот продолживме со патувањето до манастирот Острог. Во црквените простории во манастирот беше во тек богослужба и моравме да сочекаме таа да заврши за да влеземе во малата просторија во која се наоѓаат моштите на Свети Василиј Острошки и да се поклониме пред него. Следно запирање ни беше во Пивскиот манастир кој е случај за себе: заради изградбата на хидроцентралата на Пивското езеро... read more

Архива