Повеќедневни акции

Зимски камп на Церипасина

Втора година по ред, на исто место, во исто време. Ќе стане ли традиција? Останува да видиме, барем така се зарековме. Оваа година имаше голем интерес и најава за повеќе учесници ама на крај испадна да бидеме само седум со три шатори (Мони, Маја, Ели, Миленка, Рики, Јоцо и јас. Во план ни беше изградба на игло и правење бивак во снег но, ниту за едното ниту за другото имаше снег каков што треба, па ја реализиравме утешната бекап варијантата со поставување на шатори. Утрото на 12.01.2019 година, во 7 часот тргнавме од Скопје, не брзајќи никаде, во 8:30 стигнуваме на Попова Шапка, паркираме. Јас одам во полициската станица да ја пријавам акцијата и учесниците, останатите одат во војното на кафе/чај… релаксирано. Во меѓувреме облаците се расчистуваат и наеднаш оние измерените -12 стануваат +12°С. Тргнуваме нагоре по Церипашина, и почнуваме да соблекуваме слој по слој дури не дојдовме до само еден. И пак жешко. Бидејќи натоварени со се што треба и не треба, многу потешки од вообичаено, се движиме споро и правиме позачестени паузи. Мислам дека скоро 3 часа качувавме до куќичката на крајот од двоседот, нов брзински рекорд. Погледот беше величествен. Едноставно не можевме да останеме индиферентни на убавината што не опкружуваше. Тргни застани, ама стигнавме некако. Мала пауза и веднаш се фрливме на копање во снегот (основа за поставување на шаторите). Се занимаваме со тоа околу час, час и половина. Во меѓувреме ги пречекувавме и испраќавме скијачите, бордерите, спид рајдерите и другите заљубеници на зимските спортови на планина. Дружењето со нив заврши со затворање на жичарата. Останавме сами. Сонцето веќе заоѓаше и стануваше многу ладно. Среќа, како... read more

ЕЛБРУС 2017 (27.06.2017)

Елбрус, ДА Елбрус со своите 5642мнв е највисок во Европа. Политиката нека си остане во подножјето и нека не го нарушува раатот на нас вљубениците во планината! Водени од желбата да се најдеме на покривот на Европа и да видиме до кај ни се можностите, 22-ца oбединети под водство на  Пача – Зоран Павлович се упативме кон суровата Русија во правец на западниот дел на планинскиот венец Кавказ каде гордо исправен се наоѓа заспаниот вуклан Елбрус. 22.07.2017 година 01:00часот од аеродромот Никола Тесла во Београд, тричлена екипа од ПСД МАКПЕТРОЛ Христифор Саракинов – Рики, Јовица Апостоловски – Јоцо и Јован Којовски – ЈоЈо како и еден член на ПД КУМАНОВО Томислав Јовановски – Томче го започнавме нашето патување кон себе надминување. Патот до Трескол, село во подножјето на Елбрус не водеше преку Москва до Минерални води со авион, па до Трескол со ‘газели’ тамошни комбиња. Планот за искачување на Елбрус беше проследен со неколку аклиматизациски искачувања се со цел навикнување на организмот на височината поради полесно совладување на завршното искачување. Утро проследено со поглед во недоглед од снежни врвови и тераси кој во секој момент чиниш ќе се скршат и ќе предизвикаат лавини, ние спремни за нашата прва  аклиматизација се упативме кон врвот Чегет 3600мнв….Во еден здив, и ете не на врвот, Сите видно расположени ги впиваат убавините до каде што им допира погледот, притоа внесувајќи големо количество на вода. ПОСТОЈАНТА ХИДРАЦИЈА Е КЛУЧНА ЗА ОВИЕ ВИСОЧИНИ! Облаците кои донесоа со себе дожд ни го расипаа уживањето и моравме да се збогуваме прерано со Чегет. Следното утро се упатуваме кон туристичката населба Азау од каде што и започнува гондолата... read more

25 август – 3 септември 2017 К О Р Ч У Л А

Традиционална акција на ПСД Макпетрол во соработка со ТА Еx – travel од Прилеп. Ја објавуваме порано заради неопходното планирање на годишен одмор и навремено обезбедување на сместување и превоз. Оваа година е достапна и за родители со школски деца. Децата до 10г имаат 50% попуст за ноќевањето. Островот КОРЧУЛА (Corcyra Nigra) припаѓа на Дубровачко – Неретванската жупанија, има површина од 279 км2, должина 47км, ширина 5,3 – 7,8км. Има 16.000 жители. Највисоки брда се Клупча 568м и Ком 508м. Корчула е шести по големина Јадрански остров. Климата е блага медитеранска со просечни температури во јануари 9,8оС и во јули 26,9оС. Островот е прекриен со медитеранска флора и понекаде со шума од борови. Едно од најразвиените полиња е Блатско поле кое е и најголемо. Островот е поврзан со траекти со Оребиќ на полуостровот Пељешац и со Ублим на островот Ластово а на лето и со други градови и со Италија.    Траект на Јадролинија.                                                              Градот Корчула. Најголеми населени места се главниот град Корчула, Блато и Вела Лука. Во градот Корчула постои куќата во која е роден Марко Поло. Според легендата Тројанскиот јунак Антенор ја населил Корчула во 12 век пред Христа. Второ населување извршиле Илирите. Корчула била освојувана од Дубровачката република, од Венеција, од Австрија, од Наполеон, била под Италијанска и Германска окупација. Од 1945г е во составот на Р. Хрватска. П Р О Г Р А М А : 25 август 2017 (петок) – Во 20ч поаѓање од... read more

Архива