Следни акции

Љуботен, 11.11.2018

Опис на акцијата: Поаѓање од кота 1.100 м. над селото Глобочица, Косово – бачила (1.500 м.) – Љуботен (2.498 м.) и враќање по истата патека. Висинска разлика: 1.400 м D+ Вкупна должина на патеката: 17 км. Стартна точка на искачувањето: кота 1.100 м. Опис на патеката: после паркирањето на возилата, се тргнува по широк земјен пат низ шумата до бачилата на 1.500 м каде што се излегува над шумскиот дел. Се пешачи по обележана патека кон врвот, која поминува низ две пострмни секции по цврста камена и тревната патека. Сртот кон врвот Љуботен од косовска страна е поширок од сртот од македонската страна. Враќањето е по истата патека. Напор: напорна планинарска тура, но е предвидена и за рекреативци.  Времетраење на акцијата (вкупно): околу 7 часа  Опрема: Планинарски чевли со цврст ѓон. Планинарски стапчиња, топла облека прилагодена на временските услови Очила за сонце, челна лампа и полн мобилен телефон. Храна: од ранец и потребно е да се носи најмалку 1 литар вода.  Тргнување од: Скопје, од паркингот кај Пошта 2 – Желeжничка Станица – во 6:30 часот. Планинарски водaчи: Горан Николоски и Стојан Хаџијевтимов.  Превоз: организиран и сопствени возила. Лица за контакт:  Горан Николоски – 070/200-506 Љубица Матевска – 071/390-626 Стојан Хаџијевтимов – 078/315-213  Напомени:  Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици. Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите. Водичите го заддржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност... read more

29.12.2018 – 02.01.2019 БОРОВЕЦ планинарење, скијање, дочек на Нова Година

Дочек на Новата 2019 Година, скијање и искачување на највисокиот врв на Балканот – Мусала 2925м. ПРОГРАМА: сабота,29 декември 2018 Во 6 часот поаѓање од Скопје – паркинг пред Пошта 2 на жел. станица. Пристигање во Самоков и сместување во хотел, во соби со 2 или 3 кревета. По сместувањето: Група А – на полудневно скијање, Група Б – слободно време Ски центарот Боровец располага со 19 ски патеки со вкупна должина од 58км. Има патеки за почетници, за средно спретни скијачи и за професионалци. Инаку ски центарот се состои од три дела – централен ски центар Боровец од 1337м до 1780м, Јастребец од 1340 до 2369м и Маркуџик од 2340 до 2550м. Кај хотел Рила има и ноќно скијање од 17.00 до 22.00 часот.  недела, 30 декември 2018 Група А – скијање Група Б – искачување на Мусала 2925м *можна е промена на планот заради временски услови – станување и поаѓање на искачување од Боровец по ски патеката покрај Мусалинска река до планинарскиот дом Мусала или – возење со жичарата до Јастребец 2369м и потоа пешачење до пл. дом Мусала Краток одмор и потоа искачување до пл. дом Еверест 2700м. По краток одмор завршно искачување до врвот. – враќање по истата патека или со жичарата и превоз до хотелот понеделник, 31 декември Група А – скијање Група Б – слободно време, можност за капење во базенот на хотел Рила (да се понесе костим за капење!) – доаѓање во хотелот и припрема за дочек на Новата 2019 Година – свечена вечера и дружење вторник, 1. јануари 2019 Група А – скијање Група Б – планинарење – пешачење од Боровец... read more

27 јули – 4 август 2019 DAMAVAND 5671m ( Иран )

  Експедиција Damavand, Iran Планинарското спортско друштво Макпетрол  се приклучува кон акцијата на ПСК Балкан од Белград организирана од 26 јули до 4 август 2019 – десетодневна акција во Иран  со цел искачување на највисокиот врв на Иран  ДАМАВАНД 5671м. Дамаванд е изгаснат стратовулкан на масивот Алборз и е највисок врв на Иран и највисок вулкан во Азија. Се наоѓа јужно од Каспиското езеро и стотина километри северно од Техеран. Може да се каже дека Дамаванд е на некој начин света планина на Иранците, како што е Олимп за Грците. Врвот не е технички захтевен но висината и присуството на опасни сумпорни испарувања на врвот бараат сериозни припреми и одлична планинарска кондиција. Заради ова Дамаванд е предизвик и обавезен чекор во планинарската кариера за секој планинар кој се стреми кон големи височини. П Р О Г Р А М А  Н А  А К Ц И Ј А Т А : ден – петок, 26 јули Поаѓање од аеродромот Никола Тесла во попладневните часови. Авионски лет на релација Белград – Истанбул – Техеран. ден – сабота, 27 јули Слетување на Техеранскиот аеродром Имам Хомеини околу 4 часот наутро. Потоа превоз до селото Reina во подножјето на Дамаванд. Сместување во изнајмена куќа. Ноќевање. ден – недела, 28 јули Превоз со теренски возила до Gosfand Sara (3040m). Пешачење до домот Bargah sevom (4200m).  Ранците (до 15кг) се пренесуваат до домот со мазги. ден – понеделник, 29 јули Аклиматизација до 4900м. Враќање во домот. Ноќевање. ден – вторник, 30 јули Поаѓање на завршно искачување во раните утрински часови. Излегување на врв, фотографирање и потоа враќање во домот. Ноќевање. ден – среда, 31... read more

Архива