Шесттата традиционална Зимска Школа на ПСК Макпетрол од Скопје беше одржана на 12 јануари 2020, недела, на терените на снежната Попова Шапка. Присуствуваа 60-тина учесници од Скопје, Тетово, Куманово и Велес. Со нив работеа 8 регистрирани планинарски водичи. Во текот на Школата беа презентирани и практично испробани од учесниците:

  1. Движење низ снег и употреба на планинарски стапчиња
  2. Употреба на цепин
  3. Употреба на дерези
  4. Изработка на зимско засолниште
  5. Изработка на снежен профил и презентација на лавински сонди
  6. Движење со дрезги
  7. Движење во наврска и спречување на падови со цепин.

Најголемиот дел од учесниците на Школата работеа со планинарската опрема во сопственост на ПСК Макпетрол (појаси, шлемови, дерези, цепини, дрезги, лопати, јажиња, карабинери).

Водичи на групите и презентери беа:

  1. Јулиана Стојановска
  2. Љубица Матевска
  3. Никола Доновски
  4. Стојан Хаџијевтимов
  5. Јовица Апостоловски
  6. Горан Николоски, сите погоре од ПСК Макпетрол, Скопје.
  7. Александар Стојановски Цули – ПК Јелак, Тетово
  8. Владимир Трпковски – ПК Јелак, Тетово.
  9. Марјан Милановски – ПК Козјак 2013, Куманово

ПСК Макпетрол упатува голема благодарност и до учесниците на Школата и до водичите.

Фотографии: од учесниците.