Известување за членовите на ПСК Макпетрол и за оние кои сакаат да ни се придружат.

Пирин планина е една од најубавите планини на Балканот. 1983 г. е прогласена за национален парк во составот на УНЕСКО.

На Пирин има преку 70 леднички езера со мноштво водопади, вртачи и пештери. Највисок врв е Вихрен со 2914м.н.в.

Во подножјето на Пирин е сместено градчето Банско со познатиот ски центар. Врвот Тодорка со 2746м доминира над ски центарот и е предизвик за зимско планинарско искачување. Во рамките на оваа акција планирано е искачување на Тодорка а за планинарите скијачи пружа можност за одржување на кондиционата подготвеност.

ПРОГРАМА:

15 фебруари 2020 (сабота) Во 6 часот поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта. Околу 10.30часот пристигање во Банско. Сместување во организиран смештај и потоа планинарите на пешачење до Бандеришка пољана а скијачите на скијање. Вечерта заедничко дружење. Ноќевање.

16 фебруари 2020 (недела)За планинарите: станување во 5 часот, земање ланч пакет и поаѓање со превоз до Шилигарник 1820м. Отаму пешачење до врвот Тодорка. Враќање по истата патека. За ова искачување потребни се дерези и цепин.

За скијачите – доручек и потоа на скијање.

Вечерта заедничко дружење. Ноќевање.

17 фебруари 2020 (понеделник)Доручек и потоа Скијачите на скијање а за Планинарите пешачење по ски патеката до Шилигарник или капење во базен со топла минерална вода (да се понесе костим за капење).

Попладне заминување за Скопје.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА: Топла зимска високогорска опрема. За искачување на Тодорка обавезни дерези и цепин.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: Пасош, патничко осигурување.

ПЛАНИРАН ТРОШОК: За организиран превоз, две ноќевања со доручек и осигурување.

НАПОМЕНА: Секој учесник во акцијата учествува на сопствена одговорност и е должен да ги почитува наредбите и советите на водачите. Можни се измени на планот доколку водачите оценат дека заради неповолни временски услови постои опасност по животот и здравјето на учесниците.

ПРИЈАВУВАЊЕ:  По e-mail: nikola.donovski@gmail.com  Tel. 070 725-880

ВОДАЧИ: Никола Доновски и Миланка Арсиќ. Акцијата е заедничка со ПСК Балкан од Белград.