Акцијата е откажана заради непријавување на учесници.

Известување за членовите на ПСК Макпетрол и за оние кои сакаат да ни се придружат.

Заедничка акција со ПСК Балкан од Белград. Планирано е искачување во зимски услови на Мусала 2925м и Маљовица 2729м. За планинарите скијачи е можност за одржување на кондиционата подготвеност.

ПРОГРАМА:

28.12.2019 (сабота) – Во 06 часот поаѓање од Скопје. Пристигање во Самоков. Слободно попладне. Ноќевање во организиран смештај.

29.12.2019 (недела) –  Искачување на Мусала 2925м.  Превоз со кабинките до Јастребец, потоа пешачење до пл.дом Мусала (околу 1 час пешачење). Краток одмор па продолжување на пешачењето до пл.дом Еверест на 2700м (уште околу 1 час пешачење). Краток одмор и потоа завршно искачување до врвот 2925м (околу 1 час пешачење). Сатниците се дадени во склад со зимски снежни  временски прилики. Враќање од врвот по истата патека и спуштање со кабинките во Боровец, превоз до Самоков. Ноќевање.

30.12. 2019 (понеделник) – Искачување на Маљовица 2729м.

 

превоз до Спортскиот центар Маљовица, кратка пауза во пл.дом Маљовица 1960м и потоа искачување покрај Еленините езера до врв Маљовица. Враќање по истата патека до Спортскиот центар и враќање во Самоков. Ноќевање.

31.12.2019 (вторник) – Планинарење по ски-патеката до Јастребец. Свечена вечера и дружење за дочек на Новата 2020 Година.

01.01.2020 (среда) – Пешачење по ски-патеките или низ Боровец. Ноќевање.

02.01.2020 (четврток) – Пешачење низ Боровец. Во 15 часот поаѓање за Скопје.

СМЕСТУВАЊЕ И ИСХРАНА: организирано.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:  пасош, планинарска книшка со маркица за 2019г, патничко осигурување.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:  топла зимска планинарска опрема, за искачување на врвовите потребни се дерези и цепин.

ТРОШОК: за превоз, 5 ноќевања, организирана исхрана, осигурување.

ПРИЈАВУВАЊЕ:  до 10 декември 2019. Пријавување на тел. 070 725-880,  e-mail: nikola.donovski@gmail.com

НАПОМЕНА: Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Од секој учесник се бара добра психофизичка подготвеност. Секој учесник е должен да ги почитува наредбите и советите на водачот. Искачувањата на врвовите ќе зависат од погодноста на временските и лавинските прилики. Одлуката ја донесува водачот.

ВОДАЧИ: Никола Доновски и Миланка Арсиќ.