ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ
Ве поканува на Регионален планинарски едукативен камп Љуботен 2019

ЗПСК МАКПЕТРОЛ во соработка со Младинска Комисија при ФПСМ организира регионален едукативен планинарски камп за млади планинари од 14-18 години со опфатени основни теми за планинарење:

1. Опрема и пакување на ранец
2. Движење во планинарска група и улога, права и должности на водич
3. Екологија
4. Однесување во планинарски дом, права и одговорности, почитување на куќен ред
5. Движење по маркирана патека, маркација
6. Јазли
7. Важност на здрава исхрана и здрави навики
8. Ориентација (карта и компас, ГПС, мобилна апликација)
9. Резервна тема: Изградба на бивак и бивакување

Програма на кампот:
Прв дел-запознавање на учесниците и водичите
Ако метеоролошките и временските услови дозволуваат, после меѓусебното запознавање се упатуваме кон Крстовар (1066мнв). За време на акцијата ќе ги опфатиме темите: Oпрема и пакување на ранец и Движење во планинарска група и улога, права и должности на водич.
Во случај да не се искачува Крстовар поради лоши временски услови, учесниците ќе се сретнат на локација по договор со организаторите.

*Средбата ќе се одржи викендот пред одржување на кампот.

Втор дел-планинарски дом Љуботен
1 ден: Сабота
• Собирање на групата пред Веро 2, Тафталиџе и поаѓање во 08:00 часот
• Пристигнување во Старо село околу 09:30 часот
• Пешачење до дом Љуботен околу 2 часа и пристигнување околу 11:30 часот
• Сместување по соби и ужина
• Повторување и учење по пат на игра на едукативни планинарски теми
• Ручек во 13:30-14:00 часот
• Попладневен одмор до 14:30 часот
• Активности со учење на основни јазли и игри до 15:30 часот
• Ужина 15:30
• Активности за ориентација во простор со компас и карта, ГПС, мобилни апликации
• Вечера во 18:30
• После вечерата игри и заедничко пакување на ранци за утрешната тура
• Легнување во 21:30 часот
2 ден: Недела
• Будење во 06:00 часот
• Доручек во 06:30 часот
• Поаѓање кон врв Љуботен (2499 мнв) во 07:00 часот
• Пристигнување на врв Љуботен околу 10:00 часот
• Тргнување назад кон дом Љуботен во 10:30 часот зависно од временските услови на врвот
• Пристигнување во дом Љуботен во 12:00 часот
• Ручек во 12:30 часот
• Пакување, и поаѓање кон Старо село во 14:00 часот
• Очекувано пристигнување во Старо село и поаѓање кон Скопје во 16:00 часот
• Пристигнување во Скопје во 17:30 часот на паркингот Веро 2, Тафталиџе

Резервна акција: Зависно од временските услови
• Будење во 07:00 часот
• Доручек во 07:30 часот
• Предавање изработка бивак и бивакување во 08:00 часот
• Изработка на бивак во околината на дом Љуботен во 09:00 часот
• Пристигнување во дом Љуботен во 12:00 часот
• Ручек во 12:30 часот
• Пакување и поаѓање кон Старо село во 14:00 часот
• Очекувано пристигнување во Старо село и поаѓање кон Скопје во 16:00 часот
• Пристигнување во Скопје во 17:30 часот на паркингот Веро 2, Тафталиџе

Датум на изведба на кампот: 23-24.11.2019

Локација: Планинарски дом Љуботен

Опрема (задолжителна / препорачана):
• Ранец
• Високи планинарски чизми
• Облека во слоеви ( зимски панталони, синтетички спортски маички, полар, јакна за заштита од ветер и дожд, тенки ракавици, скијачки ракавици, капа, бандана, високи волнени или синтетички планинарски чорапи, волнен или синтетички прв слој на облека )
• Кабаница
• Гамашни
• Челна лампа со резервни батерии
• Стапчиња за планинарење
• Вреќа за спиење
• Прибор за лична хигиена
• Фактор за сончање и очила за сонце
• Пенкало и тетратка

Организаторот обезбедува:
1. Превоз во два правци (Скопје – с. Старо Село – Скопје);
2. Превоз на опрема до вила Љуботен;
3. Храна (доручек, ручек, вечера + две ужини);
4. Материјали за предавања;
5. Маица;
6. Едукативна настава;
7. Две теренски настави и
8. Диплома за учество

Потребни документи за учество:
1. Потврда од матичен доктор за добра здравствена состојба
2. Пополнет образец – согласност од родител/старател
3. Пријава за учество
*Без комплетна документација, лицето го губи правото на учество на кампот

Пријавување: ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 15.11.2019. Бројот на е ограничен на најмногу 15 учесници.

*Предност ќе имаат активни млади членови на планинарски клубови од Скопје, регистрирани во ФПСМ

Лица за контакт: Јовица Апостоловски 070/864-555 jovica_apostolovski@hotmail.com, Ирена Диков 070/325-618 irena.dikov@hotmail.com, Христифор Саракинов 071/333-263 rikisar@gmail.com

Напомени:
• Во случај на неповолни временски услови кампот навреме ќе биде откажан
• Учесниците во кампот се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.