Известување за членовите на ПСК Макпетрол и за оние кои сакаат да ни се придружат.

ПРОГРАМА:

23 ноември 2019 (сабота) Во 06 часот поаѓање од жел. станица – паркинг пред Пошта 2. Околу 10 часот пристигање во Софија. Посета на продавниците за спортска опрема Декатлон и Алпи. Ноќевање.

24 ноември 2019 (недела) – Превоз до планинарскиот дом Алеко 1810м. Припрема и поаѓање кон врвот.

Пешачење околу 2 часа. Пристигање на Црни врв. Одмор во планинарскиот дом во кој може да се добие чај и храна. Потоа враќање до Алеко и заминување за Скопје.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:  Пасош, осигурување од несреќен случај на планина.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:  Топла планинарска опрема прилагодена на временските прилики, планинарски кондури, пожелни се дерези доколку има снег.

ТРОШОК:  за превоз, ноќевање и осигурање.

ПРИЈАВУВАЊЕ:  До 15 ноември 2019. Тел. 070 725 – 880.   mail: nikola.donovski@gmail.com

НАПОМЕНА:  Акцијата е од лесен карактер при добри временски услови. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Учесниците се должни да ги почитуваат наредбите и советите на водачот. Водачот има право да ја прекине или откаже акцијата во случај на јако невреме.

ВОДАЧ:  Никола Доновски.