ПРОГРАМА:

9 ноември 2019 (сабота) Во 06 часот поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта 2. Околу 8 часот пристигање во Струмица. Приклучување кон групата планинари од ПСК Балкан од Белград.

Посета на манастирите Вељуса и Водоча и водопадите во село Колешино и Смоларе. Од Смоларскиот водопад започнува искачување до планинарскиот дом Шарена чешма на 1276м.н.в. Пешачењето трае околу 2,5 часа. Ноќевање.

10 ноември 2019 (недела) –  Рано наутро поаѓање кон врвот Тумба на 1881м. Пешачењето до врвот трае околу 3 часа. Краток одмор на врвот и потоа враќање до пл.дом и спуштање до Смоларе.

Превоз од Струмица до Берово. Сместување во хотел на Беровско езеро. Ноќевање.

11 ноември 2019 (понеделник) – Станување рано наутро. Доручек или ланч пакет и превоз до излетничкото место Равна река. Отаму започнува искачување до врвот Ченгино кале 1747м и врвот Џами тепе 1803м. Враќање до Равна река и заминување за Скопје.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА: топла планинарска облека прилагодена на временските прилики, планинарски кондури, капа, ракавици, храна од ранец, шише со 1,5л вода, стапчиња, по желба летна вреќа за спиење во пл.дом, планинарска книшка со маркица за 2019г.

ТРОШОЦИ:  3.000 ден. (за превоз, две ноќевања и два доручека).

НАПОМЕНА: секој учесник во акцијата учествува на сопствена одговорност. Од сите учесници се очекува добра психофизичка подготвеност и да ги почитуваат наредбите и советите на водачот. Водачот може да изврши промена на програмата во случај на непредвидени околности опасни по животот и здравјето на учесниците.

ПРИЈАВУВАЊЕ –  до 1 ноември 2019.

ВОДАЧ:  Никола Доновски, тел. 070 725-880 / mail: nikola.donovski@gmail.com