Опис на акцијата: Поаѓање од с. Жировница – искачување на Куртово Ќуле (2082 мнв.)-Јаворско Брдо (2155 мнв.)-Високо Брдо (2245 мнв.).

Стартна точка на искачувањето: с. Жировница 950 мнв.

Опис на патеката: се тргнува од с. Жировница (Г. Махала) од кај горната џамија. По кратко пешачење низ ниска вегетација се влегува во висока листопадна шума, преку Чорник, се излегува на оторен терен (гребен) кој не води до Куртово Ќуле од каде се пружа извонреден поглед кон корапскиот масив на север, Дешат на југ и Бистра на исток со врвовите Карбула и Меденица. Тука правиме поголем одмор а потоа повторно по гребен се упатуваме кон Јаворско Брдо и Високо Брдо. Со оглед на добрите временски услови што не очекуваат, на врвот ќе направиме поголема пауза. Враќањето ќе го изведеме по течението на Таорска Река (кружна патека) која од североисточната страна го заобиколува Куртово Ќуле и завршува во Жировница.

Тежина: Турата е тешка. 16 км. 1460 м.  висинска разлика. Потребна е добра физичка подготовка

Времетраење на акцијата (вкупно): околу 10-11 часа

Опрема: Тросезонски високи чевли, повеќеслојна облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, крема за лице со висок УВ фактор, челна лампа, полн мобилен телефон и компас.

Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода.

Превоз: организиран.

Време: 5 часот. Пошта 2, кај железничка станица

Водачи: Елена Петковска,  Петар Герасимов

Контакт телефон: 070 330 765

 

Напомена:

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Учесниците во акцијата се должни да се придржуваат на брзината на движење која ќе ја одреди водачот.
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.

Погледнете го извештајот од поранешна акција на истата локација:

https://www.makpetrol.com.mk/planinari/ReportsMk/VisokoBrdo-Okt-2014.asp