Програма:

  • Петок, 11 октомври

Поаѓање од Скопје во 5 ч. Пристигнување  на паркингот кај Хижа Пионерска околу 10 ч. по бугарско време. Од тука по планинарска патека околу 1ч.30 мин. до Хижа Скакавица (1900 мнв.). По кратка пауза продолжуваме до водопадот Скакавица кој е на околу 45 мин од домот. Враќање во домот, ноќевањето ќе биде во еден од овие два дома во зависност од тоа каде ќе има место

  • Сабота, 12 октомври

6 ч. поаѓање во правец на 7-те Рилски Езера, го искачуваме врвот Мањовица 2729 мнв. На враќање одиме до Хижа Иван Вазов на околу 2300 мнв. каде ќе ја поминеме втората ноќ.

  • Недела, 13 октомври

Во 6 ч. поаѓање по истата патека преку 7-те рилски езера директно надолу до Хижа Пионерска, патување назад до Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните часови.

Турата е многу напорна, 30 км со околу 2100 висинска разлика и не е за кондиционо неспремни планинари.

Опрема: облека и обувки според временските услови, планинарски стапчиња, кабаница. Препорачливо е да се носи ранец 40-50 л.

Храна: од ранец или во домовите (во сите домови се служи храна по пристапни цени. Водата кај домовите е исправна за пиење.

Превоз и сместување: организирано

Телефон за контакт:

Петар Герасимов               070 330 765

 

Водачи:

Петар Герасимов

Елена Петковска

 

  • Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не дозволи учество на акцијата на пријавените за кои што смета дека не ги исполнуваат условите.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.