Програма:

  • Петок, 6 септември

Поаѓање од Скопје во 3 ч. Пристигнување  на хижа Вихрен околу 8-9 ч. по бугарско време. Искачување на врв Вихрен по стандардната патека, спуштање од Вихрен по северниот гребен до седлото, искачување на Кутело, продолжуваме преку Кончето до Бански Суходол. Враќањето ќе се одвива по другата патека која води по североисточната страна на Вихрен. Во попладневните часови, традиционално одиме во националниот ресторан кој се наоѓа во близината на хижа Бандерица каде се служи извонредна храна за малку пари. Ноќевање во хижа Вихрен.

  • Сабота, 7 септември

Во 6 ч. Поаѓање во правец на Тевно Езеро, попатно се поминуваат повеќе езера: Окото, Жабешко, Рибно и Долго Бандеришко Езеро, преку Главиншка Порта, Тевно Василашко Езеро, Бандеришки Чукар, Типицки Чукар (Типицки Езера), Превалски езера, Валвишки Езера, Чаирски Езера, преку Превалски Премин до Тевно Езеро. Ноќевање во хижа Тевно Езеро.

  • Недела, 8 септември

 

Во 6 ч. поаѓање, искачување на врвот Џангал, спуштање во правец на Валјавишки езера, потоа по течението на р. Демјаница се до хижа Демјаница каде ќе биде третото ноќевање.

 

  • Понеделник, 9 септември

Искачување на Мала и Голема Тодорка, спуштање до хижа Вихрен.  Мал одмор и поаѓање за Скопје во попладневните часови

Задолжителна опрема:

Појас, кацига, сет за ферата (оваа опрема ќе се користи само првиот ден при поминување на Кончето, после тоа се остава во возилата), останатата опрема според временските услови. Препорачливо е да се носи ранец 40-50 л.

Храна: од ранец или во домовите (во сите домови се служи храна по пристапни цени. Течности за еднодневна тура од околу 7-8 часа пешачење. Водата кај домовите е исправна за пиење.

Превоз и сместување: организирано

Телефони за контакт:

Петар Герасимов               070 330 765

Христифор Саракинов     071 333 263

Водачи:

Петар Герасимов

Христифор Саракинов

Елена Петковска

 

Погледнете го извештајот од претходната акција на следниот линк:

Пирин Треил 2017

  • Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не дозволи учество на акцијата на пријавените за кои што смета дека не ги исполнуваат условите.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Организаторот има право
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.