Опис на акцијата: Искачување на Голем Триглав, највисокиот, и на Мангарт, четвртиот по височина врв на Јулиски Алпи.

 Програма

Ден 1 – 6 септември, петок

  • 14:00 – поаѓање кон Словенија. Сместување во планинарски дом.

Ден 2 – 7 септември, сабота

  • 05:00 – Искачување на Триглав (2.864 м.). Висинска разлика: D+1.850 м. Искачување: 8 ч.
  • Спуштање преку долината Крма. Сместување во планинарски дом.

Ден 3 – 8 септември 2019, недела

  • Искачување на Мангарт (2.679 м.). Висинска разлика: D+780 м. Искачување: 3 ч. Сместување во планинарски дом.

Ден 4 – 9 септември, понеделник

  • 07:00 – Љубљана. Пат кон Скопје.

 Стартна точка на искачувањето: Аљажев дом, 1.015 м.
Опис на патеките
: Патеката до врвот Голем Триглав преку преминот Праг е многу напорна, со секции на кои се поставени метални сајли и каде што е задолжителна употреба на планинарска техничка опрема. Патеката до врвот Мангарт е напорна и води по патеката „Словенечки пат“, која во најголем дел е обезбедена со метални сајли и каде што е задолжителна употреба на планинарска техничка опрема.
Опрема:

  • Планинарски чизми, планинарски стапчиња.
  • Појас, шлем, сет за ферата.
  • Облека соодветна на времето.

Храна: во планинарските домови, и од ранец
Планинарски водич
: Горан Николоски, лиценциран планинарски водич во Словенија.
Пријавување до 20 август 2019

Контакт: Горан Николоски, 070/200-506, goran.nikoloski@t.mk

Напомени:

  • Акцијата е предвидена за искусни планинари.
  • Искачувањето на врвови на Јулиски Алпи е многу напорно и задолжителна е добра физичка кондиција и познавање на употреба на техничката опрема.
  • Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени и да бидат во добра здравствена состојба.
  • Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема.
  • Водичите го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.

 

Триглав

 

Мангарт