Опис на акцијата: Планинарење и пешачење по низ Света Гора. Искачување на врвот Атос (2.033 м.).

Програма

9 октомври, среда попладне

  • Тргнување со кон Уранополис, преспивање во хотел.

10 октомври, четврток

  • Рано наутро тргнување со брод од Уранополис кон Св. Ана
  • Искачување на врвот Атос (2.033 м.)
  • Преспивање на 1.500 м.

11 октомври, петок.

  • Посета на скит Продромос и Манастирот Голема Лавра
  • Преспивање во Голема Лавра.

12 октомври, сабота

  • Посета на Кареја, манастирите Кутлумуш, Ставроникита, Пантократор, Ватопед.
  • Преспивање во Ватопед.

13 октомври, недела

  • Манастир Ватопед – Манастир Зограф – со брод до Уранополис – Скопје

Стартна точка на искачувањето: Пристаниште Света Ана, 0 мнв.

Опис на патеките:

  • Вкупната должина на турата (пешки) е околу 70 км.
  • Искачувањето на Атос (2033 м.) е D+ 2033 м.
  • Слегувањето од Атос кон Манастирот Лавра е долго 20 км, D+ 1000 м./D- 2330 м.

Опрема:

  • Планинарски чизми, планинарски стапчиња.
  • Облека соодветна на времето.

Храна: сопствена, во манастирите
Планинарски водич
: Горан Николоски
Пријавување до 20 јули 2019

Контакт: Горан Николоски, 070/200-506, goran.nikoloski@t.mk

Напомени:

  • Акцијата е предвидена за искусни планинари.
  • Искачувањето на врвот Атос е напорно и задолжителна е добра физичка кондиција.
  • Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени и да бидат во добра здравствена состојба.
  • Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичот имаа право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема.
  • Водичот го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.