Еднодневна средно тешка планинарска акција. Почетна точка село Горна Белица (Струшко) 1450м.н.в. Крајна точка врв Црн Камен 2257м.н.в. Бисинска разлика околу 800м. Должина на патеката 16км. Пешачење најмалку 6 часа (во двата правци).

П Р О Г Р А М А:

14 јули 2019 (недела) – Во 05:30 часот поаѓање од Скопје, жел.станица – паркинг пред Пошта. Околу 08:30 часот пристигање во село Горна Белица, припрема за искачување и поаѓање на групата кон врвот. Околу 13 часот пристигање на врв. Одмор за фотографирање и освежување со храна. Потоа враќање по истата патека во село Горна Белица и заминување за Скопје. Пристигање во Скопје најдоцна до 21 часот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА – стандардна планинарска опрема прилагодена спрема временските прилики. Задолжително планинарски кондури. Храна од ранец, најмалку 1,5л вода. Планинарска книшка со маркица за 2019 година (не е важно од кое планинарско друштво, важно е да постои осигурување од несреќен случај на планина. Зачленувањето во ПСК Макпетрол изнесува 300 денари).

НАПОМЕНА – секој учесник учествува на сопствена одговорност и е обврзан да ги почитува наредбите и препораките на водачот. Во случај на неповолни временски прилики акцијата може да биде откажана или прекината.

ТРОШОЦИ – за превоз со минибус 800 денари. За реализација на акцијата се потребни минимум 8 учесници.

ПРИЈАВУВАЊЕ – на тел. 076 274 -742.

ВОДАЧ – Дарко Трајковски