Опис на акцијата:

Сабота: Поаѓање од месноста Горција, искачување на Платото на музите по северниот гребен преку Петроструга. Ноќевање на Платото на музите на 2700 мнв. во шатори или во дом (по желба).

Недела: Искачување на Митикас 2918 мнв. Враќање во Скопје во вечерните часови

Стартна точка на искачувањето: Горција, 1100 мнв.

Опис на патеката: се тргнува од Горција по маркирана патека која води низ шумски појас. Попатно нема извори со вода. Вода може да се купи во домот Петроструга на половина пат на околу 6 км. на 1900 мнв. Од тука вегетацијата се проретчува и наскоро се излегува на оголен каменит терен се до Платото на музите.

Искачувањето на Митикас е техничко, (ќе се користи техничка опрема)

Тежина: должина 12 км. во една насока, висинска разлика околу 2100 м. Ова е напорна дводневна планинарска тура и за истата е потребна одлична психофизичка подготовка и не е предвидена за планинари почетници.

Задолжителна опрема: појас, кацига, прусик, 2 карабинери, 1 гуртна 120 см.

Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода.

Време на поаѓање од Скопје: 00:00 ч.

Водачи:

Петар Герасимов 070330765,

Ели Елии.

Превоз: Организиран, цена  1500 ден.

Пријавување и плаќање најдоцна до 17 јули (среда), бројот е ограничен

 

Напомена:

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • учесниците на акцијата мораат да бидат членови на некој планинарски клуб при ФПСМ
  • Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.