Планина Орјен и кањон Шкурда

28 јуни, петок

  • 15:00 – Скопје – Херцег Нови
  • Сместување во планинарски дом „За Вратлом“, на 1160 м (1 час пешачење од паркингот до домот).

29 јуни, сабота

  • Планинарење до врвот Субра (1.679 м.), на планината Орјен. Орјен е планина на приморскиот динарски венец и се простира во Црна Гора, Хрватска и БИХ.
  • Должина на патеката: 7,5 км во обата правци
  • Времетраење: 3 часа

30 јуни, недела

  • 09:00 – кањонинг во кањонот Шкурда, над Котор.
  • Времетраење: 3 часа.
  • 13:00 – поаѓање кон Скопје

Потребна опрема:

  • Стандардна планинарска опрема прилагодена на временските услови.
  • Ранец.
  • Планинарски чизми.
  • Планинарски стапчиња.
  • Костим за капење.

Водичи: Горан Николоски, Петар Герасимов

Водич во кањонот Шкурда: Влатко Контиќ

Пријави до 21 јуни.

Контакт:

  • Горан Николоски 070/200-506
  • Петар Герасимов 070/330-765

Цена: во контакт со водичите

Цени во планинарскиот дом „За Вратлом“:

  • Ноќевање: 6 евра
  • Полн пансион: 20 евра

Напомени:

  • Кањонингот е високо ризична активност. Учесниците треба се пливачи, треба да имаат основно познавање од ракување со јажиња и патничко – здравствено осигурување.
  • Превоз со комбе. Патот води преку Косово и Албанија.
  • За преминување преку границите потребна е само лична карта.
  • Платежно средство во Црна Гора е Евро.

Други напомени:

  • Учесниците во акцијата треба да се членови на планинарско друштво / клуб.
  • На планинарењето може да учествуваат сите категории на учесници, а на кањонингот согласно напомените.
  • Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени и да бидат во добра здравствена состојба.
  • Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема.
  • Водичите го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.


Субра, Орјен Планина

 

Кањон Шкурда