И  З  В  Е  Ш  Т  А  Ј

од акцијата ПО ТРАСА НА ГАСОВОДОТ – ПЛАЧКОВИЦА 2019

Акцијата ја изведовме на 1 јуни 2019 година на планината Плачковица над Штип. Теренот е шумски појас испресечен со широки шумски патеки и е погоден за акции за учесници од сите возрасти.

Два автобуси со 104 учесници појдоа од Скопје во 6.15 часот и околу 8.30 часот пристигнаа над планинарскиот дом Вртешка до крајот на асфалтот. Неколкумина се спуштија во домот а на останатите им се приклучија 9 планинари од Неготино. Во колона групата планинари составена од учесници од разни клубови се упати кон репетиторот Туртел 1630м.н.в.

 

После получасовната пауза се упативме покрај месноста Црквиште надолу кон планинарскиот дом Вртешка каде групата пристигна во 14 часот.

Во планинарскиот дом не пречека група од родители и деца кои пристигнаа утрото нешто покасно после автобусите и одлично планинарско гравче и музичка екипа која ги развесели учесниците.

Околу 16 часот учесниците го напуштија пл. дом и се искачија до патот до автобусите и заминаа за Скопје.

Должината на патеката беше 16.5 км со висинска разлика околу 500м. Временските прилики беа одлични така што учесниците беа задоволни и расположени а акцијата оценета успешна.

Благодарност до сите учесници за присуството и догледање на некоја идна акција.