Опис на акцијата: Поаѓање од с. Рибница – искачување до Корапски Водопад (1900 м.н.в.). Доколку има заинтересирани ќе се направи група која ќе го искачува блискиот врв Гури Куј висок 2380 м.н.в.

Стартна точка на искачувањето: с. Рибница, 1000 мнв.

Опис на патеката: се тргнува од с. Рибница, преку Попова Ливада и ливадата Пралуга, се поминува под Рибничка Скала и Кабаш по изохипса и се стигнува до водопадот кој во овој период од годината треба да биде со најмногу вода.

Тежина: должина 22 км. во двете насоки, висинска разлика 1600 м. Ова е напорна целодневна планинарска акција и за нејзино изведување е потребна одлична психофизичка подготовка што значи дека не е предвидена за планинари почетници. Во овој период од годината се уште има снежни јазици поради што движењето по нив може да биде отежнато и ризично.

Времетраење на акцијата (вкупно): 10-12 часа.

Опрема: Тросезонски планинарски чевли, планинарски стапчиња, повеќеслојна облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, крема за лице со висок УВ фактор, челна лампа, полн мобилен телефон и компас.

Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода. Попатно има извори со вода за пиење

Време на поаѓање: 5 ч. од Пошта 2, на железничка станица.

Водачи: Петар Герасимов, Ели Елии, Велимир Граоркоски.

Лица за контакт: Велимир Граоркоски 078260617 veljogr@yahoo.com, Тодор Ивановски 070368525;

Превоз: Организиран, цена  600 ден.

Пријавување и плаќање најдоцна до 12 јуни (среда)

 

Напомена:

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Учесниците во акцијата се должни да се придржуваат на брзината на движење која ќе ја одреди водачот.
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.