Олимп е голем предизвик за секој планинар. Со својата височина и со техничката захтевност тој е еден од потешките врвови за кои треба и одлична кондиција и психофизичка стабилност.

ПРОГРАМА:

28 јуни 2019 (петок) –  Во 24ч. поаѓање од жел. станица – паркинг пред Пошта 2.

29 јуни 2019 (сабота) –  Во раните утрински часови пристигање во Литохоро. Припрема за пешачење и поаѓање низ кањонот ЕНИПЕАС. Пешачењето трае околу 4 часа. Ќе видиме водопади, манастирот Св. Дионис и пештерите кои ги користел како капели.

Пешачењето завршува на ПРИОНИ 1050м.н.в. Таму ќе не чека превозот и се спуштаме долу на морскиот брег (во Олимпик бич или Паралија). Ноќевање.

30 јуни 2019 (недела) –  Станување, припрема за поаѓање и превоз до местото ГОРЦИА 1130м.н.в.

Од таму ќе го започнеме искачувањето до пл. дом Giosos Apostolidis на 2700м.н.в. Доаѓање во домот во попладневните часови.

Доколку има време и доколку се погодни временските услови ќе можеме да го искачиме врвот СТЕФАНИ 2909м. До него се стигнува со 30 минутно пешачење до почетокот на кулоарот и потоа следи искачување по стрмна и ронлива патека а во завршниот дел и технички захтевна.

Следи фотографирање и потоа враќање по истата патека во домот. Ноќевање.

1 јули 2019 (понеделник) –  Станување и припрема за искачување. Поаѓање од домот со ранците.

ГРУПА А –  Искачување на Митикас 2917м и спуштање по јужната страна до СКАЛА 2866м.

ГРУПА Б –  Пешачење по заобиколната патека ЗОНАРИЈА и искачување на СКАЛА.

Од Скала сите заедно спуштање до пл. дом А (Spilios Agapitos) на 1900м. Краток одмор и потоа спуштање до ПРИОНИ  и заминување за Скопје.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:

ЛИЧНА ОПРЕМА – пл. кондури, стапови, гамашни, кабаница за дожд, капа, ракавици, челна лампа. Пожелна е лесна летна вреќа за спиење од хигиенски причини и да се избегне плаќање на постелнина.

За ГРУПА А потребна е и техничка опрема: кацига, појас, прусик, 3 карабинери.

За ГРУПА Б не е потребна техничка опрема.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:  пасош, пл. книшка со маркица за 2019, патничко осигурување.

ХРАНА  –  од ранец. Во домот има да се купи храна и пијалоци.

ТРОШОЦИ – 50 евра за превоз и две ноќевања.

ВОДАЧИ – Никола Доновски, Миланка Арсиќ. Акцијата е заедничка со ПСК Балкан од Белград.