ЗДРУЖЕНИЕ ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ

Ве Поканува на планинарска акција – Комови ( Црна Гора), дел од Динарскиот планински венец.

Опис на акцијата: Планината Комови се протега во источна Црна Гора помеѓу реките Лим, Тара и Дрцка и е опкружена со планините Проклетие, Планиница и Бјелашица. Растителниот свет е многу разновиден и богат, благодарение на што овој планински масив претставува потенцијална ИПА ( IPA – Important plant aeras ) област во Црна Гора. Комови се познати по тоа што важат за недопрена природа. На планината се истакнуваат три високи и моќни врвови: Кучки Ком ( 2487 мнв), Љеворечки Ком ( 2469 мнв ) и Васојевички Ком ( 2460 мнв ).

Тек на акцијата:
07.06.2019 ( ПЕТОК )
– Собирање на групата на паркингот на Пошта 2 – Железничка
станица Скопје во 23:30 часот.
08.06.2019 ( САБОТА )
– Поаѓање од Скопје: 00:00 часот од паркингот на Пошта 2 –
Железничка станица Скопје (предвидено е да се патува ноќта за да стигнеме во раните утрински часови во Штавна)
– Пристигнување во Штавна: 07:00 часот во Еко катун Штавна,
сместување во бунгалови, препакување на опрема.
– Во 08.00 часот од Штавна започнуваме со искачување на
Васојевички Ком. По кратка пауза за сликање и одмор на
врвот групата се упатува кон Еко катунот Штавна, каде може
да се посети и етно ресторан. Попладневните часови се за
слободни активности и ноќевање.
09.06.2019 ( НЕДЕЛА )
– Будење во 03:30 часот, поаѓање во 04:00 часот кон Меѓукомје,
од каде се упатуваме кон Кучки Ком . По кратка пауза на врвот
за сликање и одмор се враќаме во Меѓукомје од каде се
упатуваме кон Еко катун Штавна.
Поаѓање за Скопје: 15:00 часот

Должина на патеката:
– Штавна – Васојевички Ком со должина од 8.6 km
– Штавна – Кучки Ком со должина од 14 km

Висинска разлика:
– Штавна – Васојевички Ком со висинска денивелација од 810 D+
– Штавна – Кучки Ком со висинска денивелација од 990 D+

Стартна точка на искачувањето: Еко катун Штавна ( 1800 мнв )

Опис на патеката: Најголем дел од патеката се одвива по карпест терен. Особено внимание треба да се посвети на последните метри од врвот Кучки Ком, каде се поминува по срт со стрмни страни.

Напор: Акцијата спаѓа во категорија Тешки планинарски акции за кои е потребно предходно искуство за движење по карпест терен.

Времетраење на акцијата ( вкупно ):
– Штавна – Васојевички Ком од 4 – 5 часа
– Штавна – Кучки Ком од 9 – 10 часа

Опрема (задолжителна / препорачана):
– Ранец
– Планинарски чевли или обувки со солиден грип
– Техничка опрема ( појас, шлем )
– Облека соодветна на временските услови
– Бидон или шише за вода
– Очила за сонце, крем со заштитен фактор

Храна:
– Секој сам си носи храна ( во бунгаловите има можност за
готвење )
– Вода 2 литри ( може да се наполни во Штавна од чешма )
– Суво овошје, јатки или енергетски барови и сл.

Планинарски водичи: Христифор Саракинов, Јовица Апостоловски

Цена: 3.000,00 денари – во цената е пресметано: патни трошоци, сместување/ноќевање во бунгалови во Еко Катун Штавна, трошоци за организација.

Пријавување: најдоцна до најдоцна до 25.05.2019 , бројот на учесници е ограничен.

Лица за контакт: Христифор Саракинов 071/333-263, Јовица Апостоловски 070/ 864- 555

Потребни документи:
– Пасош или лична карта
– Планинарска книшка со платена чланарина за 2019 година
– Патничко осигурување
* Во Црна Гора официјална валута е ЕВРО

Напомени:
– Акцијата е предвидена само за искусни планинари кои имале досегашно искуство за движење по карпест и изложен терен.
– Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени, да бидат во добра здравствена состојба и да бидат подготвени за импровизација на терен.
– Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана
– Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
– Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
– Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.