Еднодневна, средно-тешка акција на 21.4.2019 (недела), на вториот по височина врв на планината Бистра – Карбула (2151 м.н.в.), од каде што се протега најубавиот поглед на кањонот на Радика.

За разлика од многупати претходно кога ПСК Макпетрол организираше акции кон Карбула поаѓајќи од Галичник, Маврово или од Болетин, овојпат почетната точка ќе биде прекрасното село Сенце (1100-1200 м.н.в.).

Движењето ќе започне по прекрасна патека, но потоа во зависност од простирањето на снегот на места ќе мора да се скршне од неа. Доколку има уште време на располагање може да се посети и врвот Меденица и/или уште 4 други врвови во близина, повисоки од 2000 м.н.в.

За подетални информации за овие предели можете да се информирате овде.

Тргнување од Скопје во 8.00 на бенизнската пумпа Макпетрол на западниот излез. Ќе може да се договори и попатно собирање на учесниците.

 

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА:

– облека – соодветна за движење во пролетни услови, но со снег во голем дел од планираното движење, променливо време и влажен терен;

– вода – добро е да се понесе барем 1 литар вода;

– цена – 500 денари.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ:

Велимир Граоркоски  veljogr@yahoo.com (пријавените учесници ќе бидат контактирани најдоцна еден ден пред поаѓањето)

НАПОМЕНА:

– секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на водачите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

– движењето се одвива во група предводена од организаторот и водачите;

– водачите имаат право да исклучат учесник уште пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција;

– водачите имаат право да исклучат учесник од групата поради непримерно однесување (загрозување на општата безбедност и нарушување на животната средина);

– водачите го задржуваат правото на измени на терминот и текот на акцијата во зависност од временските услови или влијанија од друга природа.