ДОБРОШКИ И ЕЗЕРСКИ ВРВ

ЗПСК МАКПЕТРОЛ на ден 21.04.2019 Недела организира еднодневна планинарска акција на Шар Планина со искачување на Доброшки и Езерски врв.

ОПИС НА АКЦИЈАТА:

Акцијата е предвидено да трае 8-10 часа и категоризирана е како тешка, поради совладување на голема висинска разлика и конфигурација на теренот(движење по срт), како и сложени временски услови (присуство на нов снег).

ОПИС НА ПАТЕКАТА:

Појдовната точка е предвидена да биде од с. Јелошник на 890мнв. патеката води низ шумски предел по колски пат се до бачилото на 1490мнв од каде се излегува на гол планински предел (доста стрмен) и по срт се искачуваме до Доброшки врв 2352мнв. На врвот е предвиден мал одмор и оттаму патеката по срт се спушта кон Доброшки езера на 2300мнв од каде по стрмна патека се искачува на Езерски врв 2591мнв. По кратка пауза за фотографирање се враќаме по истата патека до појдовната точка.

Поаѓање од бензинска пумпа Макпетрол на излез од Скопје во 6:00 часот, превозот е со сопствени возила.
Враќање од акцијата е предвидено во попладневните часови.

НАПОМЕНА: за оваа акција учесниците треба да бидат во одлична психофизичка форма и подготвени за долга тура во зимски услови.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:

– високи разгазени планинарски чизми и гамашни
– облека препорачана за зимски услови и облекување по слоеви
– ракавици и капа
– планинарски стапчиња за првиот дел од патеката
– цепин
– дерези

ВОДА И ХРАНА:

– задолжително 2 литри вода
– храна секој сам си носи по избор
– јатки или енергетски барчиња

Водичи на акцијата:
– Христифор Саракинов 071 333 263 (лице за контакт)
– Елена Петковска
– Тодор Ивановски

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од водичите
– Водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измена на терминот и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.