ЗДРУЖЕНИЕ ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ

Ве Поканува на еднодневна лесна планинарска акција: Убавините на кањон Матка

Опис на акцијата: Св. Богородица – Св. Спас – Св. Богородица

Должина на патеката: 6 km

Висинска разлика: 340 m

Стартна точка на искачувањето: Св. Богородица (на влез во кањонот Матка) 300 мнв

Опис на патеката: Поаѓаме од паркингот пред манастирот Св. Богородица, на влез од кањонот Матка, пред куќичките со кајаците. На почеток се движиме по широк пат кој минува меѓу ниски грмушки со понекоја ливатка. Потоа се движиме низ шумска патека речиси по изохипса, до преубав видиковец. Понатаму патеката се движи по блага стрмнина до излегувањето на широк колски пат по кој продолжуваме до манастирот Св. Спас на 640 мнв. Тука правиме едночасовна пауза во широкиот манастирски двор. По паузата се враќаме назад по истата патека.

Напор: Патеката е лесна, со брзина прилагодена на способноста на учесниците

Времетраење на акцијата (вкупно): 4-5 часа

Опрема (задолжителна / препорачана):
• Ранче
• Планинарски чевли или обувки со солиден грип
• Облека соодветна на временските услови

  • Простирка, ќебенце или подметач

 

Храна: Од ранец. Вода 1л

Тргнување од: Акцијата започнува во 10:00 часот од кајакарскиот мост на Матка. До тука сообраќа автобус на ЈСП со број 60, кој поаѓа од Транспортен центар. На страната на ЈСП може да се провери возниот ред по станици

Планинарски водичи: Јовица Апостоловски, Христифор Саракинов

Цена: –
Пријавување: најдоцна до ( 19.04.2019, петок )
Лица за контакт: Јовица Апостоловски 070 864 555, Христифор Саракинов 071 333 263

Напомени:

• Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.