Три водопади на Беловишка Река извираат од утробата на Пирибег, претпоследниот врв на долгата Шар Планина во нејзиниот западен дел. Пенливите води ги формираат трите водопади – Горна Скала, Долна Скала и Петачко Водиче. Третиот и најнискиот водопад локалното население го нарекува уште и Враживир. Планинарите се први кои пред 15 години почнаа да ја освојуваат оваа област и веќе обележаа патека, поставувајќи белези по дрвата од десната страна на Беловишка Река. Мештаните велат дека целиот тој простор, до врвовите на Шара е богат со дивеч – мечки, лисици, волци, дивокози, срни, но и со вистински ендемични растенија. Тие три водопади упатените тврдат дека се втори по должина на Балканот.  Петочко Водиче е на дофат на Беловиште, на само еден километар над селото и до него води оформен поплочен пат. Враживир не е само водопад, каде што по карпестиот дел водата прави скок од приближно петнаесет метри, туку локалитет кој се повеќе личи на туристичка месност. Патот води покрај селската црква „Св. Богородица“ и за возила завршува на пристапот, каде што посетителот го пречекува оформен простор со уреден базен, црковна трпезарија. Беловишка Река се преминува преку пешачко железно мовче кое води до две цркви „Св. Петка“ и „Св. Јован Крстител“. Сиот овој дел кој зафаќа простор од околу пет хектари го нарекуваат Петочко Водиче. Овде од корените на дрвјата излегуваат многу извори, но еден е не толку голем и насочен кон црквата „Св. Петка“, а велат дека бил лековит, особено за очи. Со децении доаѓале луѓе од многу места што имале проблеми со видот, а жители на Беловиште ќе речат дека „многумина се излекувале“. За овој извор се поврзува и градбата на црквичето.

ПРОГРАМА:

 14 април (недела) – Во 08:00ч. поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта 2.

Околу 09:20ч пристигање во с.Беловиште (Тетовско).

Кратка подготовка и поаѓање кон месноста Петочко водиче и потоа нагоре по патека низ шумата кон видиковецот од каде се пружа убав поглед на најдолгиот дел од водопадот наречен Горна Скала. Пауза за фотографирање и закрепнување со храна.

Околу 11:30ч тргнување назад по истата патека до Петочко водиче и рестораните во кои по желба може да се добие свежа риба или друга храна и пијалок.

Должина на патеката – неполни 5км во двата правци.

Време на пешачење 3 – 4 часа. На две места на патеката има кратки стрмнини. Висинска разлика 400м.

Околу 15:00ч поаѓање за Скопје.

Акцијата е лесна и погодна за учесници од сите возрасти – од 7 до 77 години.

ЦЕНА – 250 денари за превоз.

ПРИЈАВУВАЊЕ  и УПЛАТА –  На редовен состанок на Клубот во четврток од 19ч. во предавална 311 на Машински факултет,  може да се уплати на жиро сметката на Клубот  300000003247596 / Комерцијална банка Скопје – со назнака: за Беловишки водопад,  или на тел. 070 725-880,  076 274-742 ;  e-mail: nikola.donovski@gmail.com

ПОТРЕБНА ОПРЕМА – облека и обувки според временските услови. Храна од ранец. Шише со вода 1л.

НАПОМЕНА – секој учесник учествува на сопствена одговорност. Сите учесници се должни да ги почитуваат наредбите и советите на водачите.

 

ВОДАЧИ – Дарко Трајковски, Никола Доновски и сите останати водачи на ПСК Макпетрол кои се слободни.