Чудна пролет на планината Бабуна. Ако ги занемариме пупките во непосредната близина на селото Ореов Дол, ќе мислевме дека сме дошле за време на сушна есен. Рекичките беа тука, но оскудни со вода како да е лето. Зимата штотуку си замина, а снег речиси и да немаше. Меѓу сите овие нелогичности и променливости имаше една константа – пределите што ги поминавме беа прекрасни како и секогаш, без разлика на сезонските услови.

Во 7.30 тргнавме од селската чешма што одвај „капеше“, принудувајќи нѐ да го оставиме големото шише да се наполни додека да се вратиме. По речиси 8 часа поминати во релативно лесно пешачење без воопшто да сретнеме некого, по патеки кои секоја година се повеќе се „губат“, се вративме на истото место. Шишето одамна беше полно, а се наполнија и нашите души од прекрасните понуди на овие предели на Бабуна.

Патоказот пред планинарскиот дом „Браќа Јаневи“ на сретсело. Оттука има делумно маркирана патека до Момин Вир и до врвот Кадиица.

По околу половина час пристигнавме на местото каде што реката Брезица се пробила низ карпите правејќи неколку каскади и вирови, а најголемиот од нив е познат како Момин Вир.

Од Момин Вир не постои патека за да се продолжи нагоре кон Кадиица. За да се стигне до Кадиица од левата страна на реката, мора да се оди по патеката што го следи поранешното каналче кое ја носело водата до горните делови на селото.

Од каналот има убава патека до месноста Осојница каде што во повлажни услови се формира прекрасен водопад на малата притока на реката Брезица.

Обработка – клукајдрвец. Тоа беше можеби и единственото суштество што нѐ следеше тој ден. На овој дел од шумата патеката се губи, а за да се дојде до горната патека требаше да се помине стрмен терен полн со лисја. Тоа беше најтешкото искачување што го помина групата – од 800 до 1100 м.н.в.

На излезот на малата ливада каде што се појавува втората патека, се отвори прекрасен поглед кон Солунска Глава.

Природна опсерваторија – шумата и карпите под Трештеник.

Трештеник (1250 м.н.в.) и не е врв во вистинска смисла на зборот, туку еден истурен дел од сртот што води кон Кадиица. На него има интересни камење со кои изобилува овој дел од планината.

Ливадите пред Кадиица. Во позадина се гледа западниот продолжеток на планината Бабуна што се спојува со Јакупица.

Поглед на северниот дел на Пелагонија со селото Десово.

На врвот Кадиица (1440 м.н.в.). Соседниот врв Лута се гледа на левата страна.

Симнувањето од Кадиица кон превојот со врвот Лута на почетокот не е тешко…

… но на средината има еден каменест „лавиринт“ кој мора да се помине нагоре и кој ја крие вистинската оддалеченост меѓу врвовите.

За разлика од Кадиица кој е благ врв, Лута е малку „полут“.

Интересен процеп под врвот.

Југоистоната страна на Кадиица.

Шупливиот камен на патеката што води кон врвот Лута.

Двете езера во близина на село Десово.

Камењата околу врвот одлично послужија како решение за ветрот.

Цела група на највисоката точка од патешествието – 1500 м.н.в.

На враќање од Лута се спуштивме право кон бачилото. Под сенките на смреките се криеја последните остатоци снег за оваа сезона.

Дрвените корита во шумата над бачилото.

Мирниот тек на реката Брезица во долината под Бачилото, пред да почне стрмоглаво да се спушта кон Ореов Дол.

Чудните камења од десниот срт над реката. Оваа патека е малку подобра од патеката по која што се искачуваше групата.

Спомен-плочата на загинатите партизани. Се наоѓа на десетина метри од патеката и може лесно да се промаши доколку не се забележи знакот за скршнување.

Враќање во селото веднаш под препознатливата карпа наречена Големец.