Се приклучуваме на акцијата организирана од ПСК Балкан од Белград

Teplicko – Adrspaske scaly e најголема групација на лавиринтски стени во Европа. Адршпах е неверојатно интересно место. До средината на 18 век мештаните ги сметале стените за таинствено и страшно место. После еден голем пожар луѓе почнале да влегуваат меѓу стените и дури тогаш виделе какво богатство поседуваат. Првите туристи дошле во 1772 година и од тогаш местото е секојдневно посетено. Пешачките патеки минуваат низ високо издигнати стени со различни иблици: лик на Богородица, младенци, секира, жаба, индијанец, камила, панда, монарх.. Целата област е под шума  и уредена со клупи за одмор, добро обележена со илјадници скали, со водопад и со езерца. На некои места патеките се тесни и клаустофобични, негде се покриени со снег и лед.

П Р О Г Р А М А:

30 април 2019 (вторник) Во 20 часот поаѓање од Белград – од пред храмот Св. Сава.

1 мај 2019 (среда) – Ноќно возење. Преминување на границите. Пристигање во Скални млин. Разгледување на пештерата Пунква и пропаста Мацоха. Низ пештерата се вози со чамец.

Провалијата Мацоха е длабока 138м. Опкружена е со зеленило и има изглед на огромна отворена уста.

По завршување на разгледувањето возење до сместувањето. Ноќевање во Брно.

2 мај 2019 (четврток) – Наутро поаѓање кон местото Пец под Снешка. Искачување на Крконоши, врв Снешка 1602м

Крконоши – Дивовски планини, е планински венец на северната граница на Чешка со Полска. Границата се протега по самиот гребен. Големи области од овие планини се вклучени во национални паркови од обете страни на границата и заеднички чинат резерват под заштита на УНЕСКО.

Искачувањето и спуштањето траат околу 8 часа. Потоа доаѓање во смештајот. Ноќевање.

3 мај 2019 (петок) – Доручек. Превоз до Адршпах. Пешачење низ прекрасниот лавиринт од стени. Патеките се одлично средени и се долги 20км со 2000 скали. Потоа враќање во смештајот. Ноќевање.

4 мај 2019 (сабота)После доручекот поаѓање назад кон Белград. Пауза во убавиот град Оломуц.

Продолжување на патувањето преку Маџарска до Сегедин. Ноќевање во Сегедин.

5 мај 2019 (недела) – Во претпладневните часови поаѓање за Белград. Очекувано пристигање во Белград околу 18 часот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА: планинарски кондури, топла облека согласно временските прилики.

ТРОШОЦИ:  160 евра (од Белград до Белград). Трошоците опфаќаат: превоз, четири ноќевања, два доручека и осигурување.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:  пасош, планинарска книшка со маркица за 2019 година, патничко осигурување.

ИНФОРМАЦИИ и ПРИЈАВУВАЊЕ:  тел. 070 725-880, mail: nikola.donovski@gmail.com  или на состанок на Клубот. Аконтација при пријавувањето 100 евра. Останатиот износ при поаѓање.

НАПОМЕНА:  секој учесник во акцијата учествува на сопствена одговорност. Од сите учесници се очекува добра психофизичка припременост. Учесниците се должни да ги почитуваат одлуките и советите на водачите. Програмата може да претрпи измени во случај на непредвидени или опасни околности.

ВОДАЧИ: Миланка Арсиќ од ПСК Балкан и Никола Доновски.