Во април и мај 2019 година ПСК Макпетрол од Скопје ја организира акцијата за искачување на врвот Mera Peak (6.476 м.), во Непал, Азија.

Mera Peak (6.476 м.) се наоѓа во националниот парк Sagarmatha во Непал. Класифициран е со оценката PD на алпската скала, и за искачување на Mera Peak е потребно користење на јажиња (наврска и фиксни јажиња), цепин, дерези, движење низ глечер, наместа стрмен и до 75⁰. Осумнаесетдневната експедиција ќе се изведе со помош на локална агенција од Катманду, Непал.

  • 22 Април – лет Скопје – Истанбул (во вечерните часови)
  • Ден 1 – 23 Април – лет Истанбул – Катманду (во утринските часови)
  • Ден 2 – 24 Април – лет до Лукла. Пешачење до Paiya (Chutok), 2730 м, 6 ч.
  • Ден 3 – 25 Април – Paiya – Panggom – Ningsow, 2863 м – 10 ч
  • Ден 4 – 26 Април – Ningsow – Chhatra Khola, 2800 м – 8 ч.
  • Ден 5 – 27 Април – Chhatra Khola – Kothe, 3691 м – 7 ч.
  • Ден 6 – 28 Април – Kothe – Thaknak, 4358 м – 4 ч.
  • Ден 7 – 29 Април – Ден за аклиматизација до глечерот Charpate Himal
  • Ден 8 – 30 Април – Tagnag – Khare, 5054 м – 3 ч.
  • Ден 9 – 1 Мај – Ден за аклиматизација
  • Ден 10 – 2 мај – Khare – Mera High Camp, 5780 м – 7 ч.
  • Ден 11 – 3 мај – искачување на Мера Пик и враќање во Khare, 5045 м – 9 ч.
  • Ден 12 – 4 мај – резервен ден.
  • Ден 13 – 5 мај – Khare – Kothe, 3600 м – 5 ч.
  • Ден 14 – 6 мај – Kothe – Thuli Kharka, 4300 м – 6 ч
  • Ден 15 – 7 мај – Thuli Kharla – Zatrwa La pass 4600 м. – Lukla – 7 ч.
  • Ден 16 – 8 мај – Лукла – Катманду
  • Ден 17 – 9 мај – Катманду
  • Ден 18 – 10 мај – Катманду – Истанбул – Скопје

За повеќе информации околу експедицијата ви стоиме на располагање.

Горан НИКОЛОСКИ 070/200-506, goran.nikoloski@t.mk