Подготовките за петтата традиционална Зимска Школа на ПСК Макпетрол од Скопје, беа како подготовка на воен напад. Претходна подготовка на терен, точен распоред на групите, прецизно времетраење на задачите, ангажирани стручни лица, распределба на опрема …

Од една страна, големиот интерес за присуство на Школата не изненади, но од друга страна, го чувствуваме недостатокот на вакви школи и обуки за движење во зимски услови за почетници. На 13 јануари 2019, недела, на Зимската Школа присуствуваа рекордни 106 учесници, од кои 17 водичи, односно презентери од ПСК Макпетрол и од други планинарски клубови.

Присутни беа планинари од Скопје, Кичево, Куманово, Кочани, Неготино, Велес, Тетово, Гњилане од Косово.  Место на изведба на Школата беше на Попова Шапка, на падината под Конаците и хотелот Тетекс / Арена. Секоја група броеше по 10 учесници, при што водичите кратко теоретски ги запознаваа со темата, а потоа практично работеа сите заедно.  Имаше по 2 групи за секоја тема, при што секоја група после 30-45 минути се преместуваше кај друг водич. Основната литература за водичите за Зимската Школа беше книгата „Основи на движење низ планини“ од Бојан Полак, преведена на македонски јазик. И, секако наученото од долгогодишното планинарење во разни услови. Во текот на Школата беа презентирани и практично испробани следните теми:

  1. Движење низ снег и употреба на планинарски стапчиња
  2. Употреба на цепин
  3. Употреба на дерези
  4. Изработка на зимско засолниште
  5. Изработка на снежен профил и презентација на лавински сонди
  6. Зимска планинарска облека и опрема
  7. Движење со дрезги
  8. Движење во наврска и спречување на падови со цепин.

Дел до планинарите работеа со своја планинарска опрема, а поголемиот дел работеа со планинарската опрема во сопственост на ПСК Макпетрол (појаси, шлемови, дерези, цепини, дрезги, лопати, јажиња, карабинери).

Водичи на групите и презентери беа:

  1. Јулиана Стојановска
  2. Благица Владимировска
  3. Елена Петковска
  4. Никола Доновски
  5. Петар Герасимов
  6. Стојан Хаџијевтимов
  7. Тодор Ивановски
  8. Велимир Граоркоски
  9. Дарко Трајковски
  10. Христифор Саракинов
  11. Јовица Апостоловски
  12. Игор Јовановски Карас
  13. Горан Николоски, сите погоре од ПСК Макпетрол, Скопје.
  14. Александар Стојановски Цули – ПК Јелак, Тетово
  15. Марјан Милановски – ЗПЗК Козјак 2013, Куманово
  16. Дејан Атанасов – ПК Македон, Скопје
  17. Здравко Дејановиќ – ВАК Анапурна, Скопје

ПСД Макпетрол обрнува големо внимание на безбедноста на планинарите, посебно во зимски услови, и во иднина безрезервно ќе го споделува своето знаење и опрема со планинарите.

ПСД Макпетрол упатува голема благодарност до учесниците на Школата и до водичите.

Попова Шапка

Подготовки на 12 јануари

Снежен профил и лавински сонди

 

Зимска опрема и облека

Движење низ снег

Работа со цепини

Движење со дерези

Зимско задолниште

Заштита од студ

 

Движење со дрезги

Движење во наврска

ПСК Макпетрол ве чека со отворени раце. Повелете во нашиот клуб.