ПРОГРАМА:

15 фебруари 2019 (петок) – Во 06ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Пристигање во Банско, сместување во хотел ВИХРЕН (хотел со 3 ѕвезди, во централното градско подрачје, на 400м од жичарата). Сместување во соби со 2 или 3 кревети. Скијачите може да скијаат (полудневен билет) а за планинарите пешачење до Бандеришка пољана. Ноќевање.

16 фебруари 2019 (сабота) – Доручек и потоа скијачите на скијање.

За планинарите:

ГРУПА  А – станување во 5часот, земање ланч пакет и со минибус  превоз до ШИЛИГАРНИК 1820м. Од таму по ски патеката искачување кон врвот ТОДОРКА  2746м. Враќање по истата патека и околу 16ч враќање во хотелот. За искачување потребна е опрема.

ГРУПА  Б – пешачење по ски патеката под жичарата (има околу 9км до крајот на жичарата).

ГРУПА  В  –  Доколку некој сака може да се бања во затворен базен во некој од хотелите.

Навечер заедничко дружење. Ноќевање.

17 фебруари 2019 (недела) – Доручек. Скијачите на скијање. Останатите можеме да посетиме базен со топла минерална вода во село Бања или село Добриниште. Во 16часот заминување за Скопје.

ЦЕНА – 75 евра (за превоз, 2 ноќевања со доручек и осигурување).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – пасош, планинарска книшка со маркица за 2019 година, патничко осигурување.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ – зимска планинарска опрема за високогорско искачување: пл.кондури, штеки, дерези, цепин, челна лампа.

За капење  во базен купачи гаки / костум за капење.

НАПОМЕНА – секој учесник во акцијата учествува на сопствена одговорност. Учесниците се должни да ги почитуваат наредбите и советите на водичот. Во зависност од временските и снежните услови водичот одлучува за можноста за искачување до врвот Тодорка.

ПРИЈАВУВАЊЕ  И  УПЛАТА – до пополнување на местата во минибусот.

ВОДИЧ – Никола Доновски. Тел. 070 725-880.  E-mail: nikola.donovski@gmail.com