ПЛАНИНАРЕЊЕ и РАФТИНГ (врв Маглиќ, Зеленгора, Вишеград, Мокра гора, Златибор).

Рафтингот е јако адреналинско доживување. Неможе да се раскаже, треба да се доживее!

ПРОГРАМА:

1

23 мај 2019 (четврток) – Во 22ч поаѓање од ж.станица – паркинг пред Пошта. Ноќно возење Скопје – Призрен – Скадар – Подгорица со попатни потребни паузи.

24 мај 2019 (петок) – Околу 7ч пристигање во Подгорица. Пауза за доручек и кафе и краток разглед на центарот и соборниот храм на Христовото воскресение.

3

 

 

6

Потоа продолжување на патот до манастирот Острог. Посета на манастирот. Околу 15ч пристигање во кампот “3 воденици” на река Тара. Ручек и сместување во етно-дрвени куќички. Во кампот има убав санитарен чвор и убав покриен ресторан. Храната е одлична!  Попладневен одмор. Вечера. Ноќевање.

7

8

9

10

Преубави специјалитети! Преобилно!

25 мај 2019 (сабота) – Доручек. Потоа припрема за рафтинг. Околу 11ч поаѓање узводно покрај река Тара до местото за почеток на рафтингот. Околу 12ч почеток на спуштањето по Тара.

11

1213

 

14

Околу 15.30ч завршување на рафтингот, туширање и ручек. Попладневен одмор. Вечера и заедничко дружење покрај оган.Ноќевање.

26 мај 2019 (недела) – Зависно од временските услови:

 ПЛАН  А – во 5ч. поаѓање кон националниот парк Сутјеска и искачување на врвот Маглиќ 2386м. Турата е средно тешка, се пешачи околу 6 часа. Должина на патеката околу 12км.

15

16

17

18

19

20

21

Тоа е извонредно убава природа, извонредно убава пешачка тура. Маглиќ е најубавиот врв на кој сум се искачил! Спуштањето од врвот води преку прекрасното Трновачко езеро и потоа до местото каде што не чекаат комбињата. Во попладневните часови пристигање во Кампот. Вечера и заедничко дружење. Ноќевање.

ПЛАН  Б – Во 6ч. поаѓање за Зеленгора. Тоа е една од најубавите планини во БиХ, висока над 2.000м. Има голем број глацијални езера. Од југ е ограничена со река Неретва а од југоисток и исток со река Сутјеска и Маглиќ. Попладне враќање во кампот.

 

27 мај 2019 (понеделник) – После доручекот заминување од кампот. Во Вишеград посета на Андриќев град и кратка пауза за кафе, туфакија или пијалок во убавото ресторанче покрај камениот мост, сликање на мостот на Дрина и потоа продолжување на патот.

33

34

35

36

 

37

38

МОКРА ГОРА – посета на Дрвен град на Кустурица.

ЗЛАТИБОР – пауза за ручек, прошетка низ пазарот и купување на кајмак.

Продолжување на патувањето кон Скопје. Пристигање во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА – 180 евра (за превоз, 3 полни пансиони, рафтинг, осигурување за рафтингот, осигурување од несреќен случај на планина). Аконтација од 50 евра при пријавувањето.

ПОТРЕБНИ  ДОКУМЕНТИ – лична карта, пасош, планинарска книшка со маркица за 2019, патничко осигурување.

ПОТРЕБНА  ОПРЕМА – пл. кондури, стапчиња, кабаница за дожд, шише со 1,5л вода, челна лампа, облека според временските услови.

НАПОМЕНА – Секој учесник во акцијата учествува на сопствена одговорност. Учесниците се должни да ги почитуваат наредбите и советите на водичот!

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА – до пополнување на местата во минибусот.

ВОДИЧ – Никола Доновски.  Тел. 070 725-880.

E-mail:  nikola.donovski@gmail.com