Дочек на Нова Година како што прилега. Планина, снег, сонце, планинарење, скијање, весела забава!

Искачувањето на Мусала помина во идеални услови – патеката до пл.дом Мусала беше изгазена така да снегот не представуваше проблем. А сонцето блесна убаво уште рано сабајле така што студот од -11 степени не го чуствувавме. Групата броеше 15 планинари, тројца од Македонија и 12 од Србија. По краткиот одмор кај пл.дом Мусала 12 планинари продолжија кон врвот а тројца останавме кај домот и после еден час се вративме кон жичарата. Групата што продолжи кон врвот без проблем се искачи на врвот и беше наградена со блескаво сонце и прекрасни фотографии.

На 31.12. скијавме на терените на Маркуџик – на 2300мнв. Пистите беа убаво поминати од ратрак, повторно блесна сонце и убаво скијавме час и половина. А потоа се спушти густа магла и скијањето стана опасно па се вративме долу во сместувањето за да се припремиме за дочекот на Новата 2019 Година. Дочекот помина весело, распеано и разиграно.

Останатите два дена скијачите ги искористија за скијање, планинарите за искачување по шумската патека од Боровец до пл.дом Мусала, а некои уживаа во базенот на хотел Рила.

СТАТИСТИКА: учесници 45, од Македонија 10.