ПСД МАКПЕТРОЛ во рамките на клупските активности за 2019 година организира зимски камп на Церипашина.

ПРОГРАМА:


САБОТА – 12.01.2019
– Поаѓање на 12 Јануари, Сабота во 07:00 часот од бензинската на Макпетрол во Ѓорче Петров – на излез од Скопје
– Пристигнување на паркингот на Попова Шапка околу 08 часот, пакување на опрема и поаѓање кон куќарката на Церипашина.
– Искачувањето започнува од паркингот на Попова Шапка и се одвива по скијачката патека Церипашина под црвените столбови, со кратки попатни паузи поради тешките ранци. По пристигнување кај куќарката планиран е мал одмор и поставување на кампот.

Под поставување на камп се подразбира групно копање на дупки за поставување на шатори, градење на сигурносни заштитни бедеми од снег околу шаторите и правење биваци во снег. Во зависност од временските услови и времето за кое ќе се подигне кампот може да се направи и прошетка до Антени.

Планирано е дружење во куќарката и ноќевање во шатори и биваци.

НЕДЕЛА:

Будење во 6:00, пакување на кампот до 7:15 и во 7:30 симнување на групата кон ски центарот Попова Шапка каде учесниците ќе земат учество на зимската школа во организација на ПСД МАКПЕТРОЛ. По завршување на зимската школа се враќаме за Скопје во попладневните часови.

Задолжителна опрема:

шатор зимска вреќа, бивак вреќа, цепин, дерези, планиинарски стапчиња, по една лопата на еден шатор, најлон кеси (Веро, Тинекс… 10-тина за еден шатор), подметач, свеќи, челна лампа, горилник и сад за топење снег/чај/супа, топла водонепропусна облека и обувки за зимски услови, компас и гпс

Тежина: Акцијата е многу тешка

ВОДАЧИ НА АКЦИЈАТА:

Петар Герасимов

Елена Петковска

Христифор Саракинов

Пријавување кај Петар Герасимов тел. 070 330 765 или во инбокс на ФБ

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
-Учесник на акцијата може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.