Опис на акцијата: Поаѓање од кота 1.100 м. над селото Глобочица, Косово – бачила (1.500 м.) – Љуботен (2.498 м.) и враќање по истата патека.

Висинска разлика: 1.400 м D+

Вкупна должина на патеката: 17 км.

Стартна точка на искачувањето: кота 1.100 м.

Опис на патеката: после паркирањето на возилата, се тргнува по широк земјен пат низ шумата до бачилата на 1.500 м каде што се излегува над шумскиот дел. Се пешачи по обележана патека кон врвот, која поминува низ две пострмни секции по цврста камена и тревната патека. Сртот кон врвот Љуботен од косовска страна е поширок од сртот од македонската страна. Враќањето е по истата патека.

Напор: напорна планинарска тура, но е предвидена и за рекреативци.

 Времетраење на акцијата (вкупно): околу 7 часа

 Опрема:

  • Планинарски чевли со цврст ѓон.
  • Планинарски стапчиња, топла облека прилагодена на временските услови
  • Очила за сонце, челна лампа и полн мобилен телефон.

Храна: од ранец и потребно е да се носи најмалку 1 литар вода.

 Тргнување од: Скопје, од паркингот кај Пошта 2 – Желeжничка Станица – во 6:30 часот.

Планинарски водaчи: Горан Николоски и Стојан Хаџијевтимов.

 Превоз: организиран и сопствени возила.

Лица за контакт: 

  • Горан Николоски – 070/200-506
  • Љубица Матевска – 071/390-626
  • Стојан Хаџијевтимов – 078/315-213

 Напомени:

 Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.

  • Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
  • Водичите го заддржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.