Дочек на Новата 2019 Година, скијање и искачување на највисокиот врв на Балканот – Мусала 2925м.

ПРОГРАМА:

сабота,29 декември 2018

Во 6 часот поаѓање од Скопје – паркинг пред Пошта 2 на жел. станица. Пристигање во Самоков и сместување во хотел, во соби со 2 или 3 кревета. По сместувањето:

Група А – на полудневно скијање,

Група Б – слободно време

Ски центарот Боровец располага со 19 ски патеки со вкупна должина од 58км. Има патеки за почетници, за средно спретни скијачи и за професионалци. Инаку ски центарот се состои од три дела – централен ски центар Боровец од 1337м до 1780м, Јастребец од 1340 до 2369м и Маркуџик од 2340 до 2550м. Кај хотел Рила има и ноќно скијање од 17.00 до 22.00 часот.

 недела, 30 декември 2018

Група А – скијање

Група Б – искачување на Мусала 2925м

*можна е промена на планот заради временски услови

– станување и поаѓање на искачување од Боровец по ски патеката покрај Мусалинска река до планинарскиот дом Мусала или

– возење со жичарата до Јастребец 2369м и потоа пешачење до пл. дом Мусала

Краток одмор и потоа искачување до пл. дом Еверест 2700м. По краток одмор завршно искачување до врвот.

– враќање по истата патека или со жичарата и превоз до хотелот

понеделник, 31 декември

Група А – скијање

Група Б – слободно време, можност за капење во базенот на хотел Рила (да се понесе костим за капење!)

– доаѓање во хотелот и припрема за дочек на Новата 2019 Година

– свечена вечера и дружење

вторник, 1. јануари 2019

Група Аскијање

Група Б – планинарење – пешачење од Боровец до Јастребец по ски патеката

– враќање во хотел, вечера и дружење

среда, 2. јануари 2019

– пакување на стварите и напуштање на хотелот

Група А – скијање

Група Б – кратко пешачење

Групите се спојуваат во 16ч на паркинг во Боровец и враќање за Скопје.

 ПОТРЕБНА ОПРЕМА: топла облека, за искачување на Мусала потребни се дерези и цепин.

СМЕСТУВАЊЕ: во хотел во Самоков (на 10км од Боровец) во двокреветни и трокреветни соби.

ЦЕНА:  170 евра (во цената се вклучени превоз, четири ноќевања, три полупансиони + доручек, новогодишна вечера и осигурување).

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: на две рати

  1. рата – 100 евра при пријавување
  2. рата – 70 евра при поаѓање

ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ: на состанок на друштвото, по e-mail, по телефон.

ВАЖНА НАПОМЕНА: секој учесник во акцијата учествува на сопствена одговорност. Од сите учесници се очекува добра психофизичка припременост. Организаторот на акцијата го задржува правото на измена на програмата во случај на непредвидени околности.

ВОДИЧ: Никола Доновски тел. 070 725-880.  Е- mail: nikola.donovski@gmail.com