Експедиција Damavand, Iran

Планинарското спортско друштво Макпетрол  се приклучува кон акцијата на ПСК Балкан од Белград организирана од 26 јули до 4 август 2019 – десетодневна акција во Иран  со цел искачување на највисокиот врв на Иран  ДАМАВАНД 5671м.

Дамаванд е изгаснат стратовулкан на масивот Алборз и е највисок врв на Иран и највисок вулкан во Азија. Се наоѓа јужно од Каспиското езеро и стотина километри северно од Техеран. Може да се каже дека Дамаванд е на некој начин света планина на Иранците, како што е Олимп за Грците. Врвот не е технички захтевен но висината и присуството на опасни сумпорни испарувања на врвот бараат сериозни припреми и одлична планинарска кондиција. Заради ова Дамаванд е предизвик и обавезен чекор во планинарската кариера за секој планинар кој се стреми кон големи височини.

П Р О Г Р А М А  Н А  А К Ц И Ј А Т А :

  1. ден – петок, 26 јули

Поаѓање од аеродромот Никола Тесла во попладневните часови. Авионски лет на релација Белград – Истанбул – Техеран.

  1. ден – сабота, 27 јули

Слетување на Техеранскиот аеродром Имам Хомеини околу 4 часот наутро. Потоа превоз до селото Reina во подножјето на Дамаванд. Сместување во изнајмена куќа. Ноќевање.

  1. ден – недела, 28 јули

Превоз со теренски возила до Gosfand Sara (3040m). Пешачење до домот Bargah sevom (4200m).  Ранците (до 15кг) се пренесуваат до домот со мазги.

  1. ден – понеделник, 29 јули

Аклиматизација до 4900м. Враќање во домот. Ноќевање.

  1. ден – вторник, 30 јули

Поаѓање на завршно искачување во раните утрински часови. Излегување на врв, фотографирање и потоа враќање во домот. Ноќевање.

  1. ден – среда, 31 јули

Рано наутро напуштање на домот и спуштање до селото Reina. Превоз до Техеран. Сместување во хотел. Обиколка на Техеран. Ноќевање.

Техеран, главниот град на Иран е метропола од преку 7 милиони жители. Се наоѓа на 1200м надморска височина и представува впечатлив спој на минатото и сегашноста.

  1. ден – четврток, 1 август

Разгледување на Техеран. Ноќно возење до Isfahan.

  1. ден – петок, 2 август

Пристигање во Исфахан. Сместување во хотел и обиколка на градот. Ноќевање.

Исфахан, старата престолнина на Персиското царство, едно време бил најголем град на светот. Заради богатата историја е неодминлива дестинација.

  1. ден – сабота, 3 август

Заминување од Исфахан во попладневните часови. Превоз до Техеран (ноќно возење).

  1. ден – недела, 4 август

Во 04:35 часот лет на линија Техеран – Истанбул – Белград.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:

После пријавувањето и формирање на групата ќе биде проследен список за потребната опрема.

ЦЕНА –  890 евра (од Белград до Белград). Во цената е вклучено: авионски превоз Белград – Техеран –Белград, локални превози, ноќевање во хотелите, трошоци за виза, осигурување, теренски возила, мазги, сместување и храна во планинарскиот дом.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ –   на три рати

  • прва рата 300 евра при пријавувањето
  • втора рата 300 евра до 1. мај 2019
  • трета рата на денот на поаѓање

ПРИЈАВУВАЊЕ –  лично на состанок на друштвото, по mail, по телефон. Ќе ви биде доставен формулар за пријавување.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – пасош, членска книшка со маркица за 2019 година, потврда за извршен спортски лекарски преглед. За добивање на виза кои документи се потребни ќе ве информираме накнадно.

ВОДИЧИ – Миланка Арсиќ, Александар Мијатовиќ а од ПСД Макпетрол водич ќе биде одреден накнадно.

ПРИПРЕМИ –  До јули месец ќе бидат организирани серија припремни акции. Припремните акции се организираат заради запознавање и заради проверка на психофизичката способност на пријавените за експедицијата.