Опис на акцијата: Поаѓање од с. Жировница – искачување на врвот Веливар 2373 мнв.

Висинска разлика: 1760 м D+, должина на патеката 22 км. во двете насоки.

Стартна точка на искачувањето: с. Жировница 940мнв.

 Опис на патеката: се тргнува од Г.  Махала по маркирана планинарска патека кон запад во правец на Валавичарска Река. Откако ќе ја преминеме реката, уште малку продолжуваме по планинарска разгазена патека и излегуваме на колски пат кој не води се до излезот од шумскиот појас. Понатаму продолжуваме по ретко маркирана неразгазена патека во насока на седлото помеѓу Иноска и Високо Брдо каде што поминува граничната линија помеѓу Македонија и Албанија. Од таму се движиме јужно, директно во правец на Веливар. До колку акцијата се одвива според предвидениот план враќањето од врвот би го извеле кружно, преку месноста Звериње и потоа, некаде на средина од враќањето би се приклучиле повторно на патот од каде што дојдовме.

Напор: Ова е многу исцрпувачка планинарска тура и за истата е потребна одлична психофизичка подготовка и не е предвидена за планинари почетници, особено што истата ќе биде кружна.

 Времетраење на акцијата (вкупно): околу 10-11 часа

 Опрема: разгазени планинарски чевли, планинарски стапчиња, топла облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, челна лампа и полн мобилен телефон.

Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода.

 Превоз: Со сопствени возила. За оние кои не знаат да стигнат до Жировница можат да ни се приклучат во 05:00 ч. од бензиската на Макпетрол во Ѓорче Петров. Останатите да бидат во 7 ч. во Жировница кај џамијата во Г. Махала.

 Планинарски водaчи: Петар Герасимов, Ели Елии и Христифор Саракинов

Пријавување: Петар Герасимов, тел. 070 330 765 или во инбокс на ФБ.

 

 Напомени:

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Учесниците во акцијата се должни да се придржуваат на брзината на движење која ќе ја одреди водачот.
  • Сите учесници во групата се движат позади главниот водач (никако пред него).
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.