ПЛАНИНАРСКО СПОРТСКО ДРУШТВО МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ

Ве Поканува на планинарска акција – Родители и деца во епизодата: Скриеното богатство на Матка

Опис на акцијата: Св. Богородица – Св. Спас – Св. Богородица.
Должина на патеката: 6 km.
Висинска разлика: 340 m.
Стартна точка на искачувањето: Св. Богородица (на влез во кањонот Матка) 300 мнв.

Опис на патеката: Поаѓаме од паркингот пред манастирот Св. Богородица, на влез од кањонот Матка, пред куќичките со кајаците. На почеток се движиме по широк пат кој минува меѓу ниски грмушки со понекоја ливатка. На една од ливатките, 900 метри по стартот, пред остро да свртиме лево по шумска патека го правиме првиот одмор и го бараме скриеното богатство по карта. Пронајденото богатството го делиме со сите.
Потоа се движиме низ шумска патека речиси по изохипса, до преубав видиковец. На видиковецот ја правиме втората пауза и потрага по скриеното богатство. Истите правила за делење на најденото богатство важат и овде. Лево од видиковецот е стрмно и затоа тука сме претпазливи, а нашата патека продолжува десно, право нагоре. По куса угорнина, излегуваме на рамна ширинка каде ја правиме третата пауза со потрага по ново скриено богатство. Понатаму патеката се движи по блага стрмнина до излегувањето на широк колски пат по кој продолжуваме до манастирот Св. Спас на 640 мнв. Тука правиме едночасовна пауза во широкиот манастирски двор. По паузата се враќаме назад по истата патека.

Напор: Патеката е лесна, со брзина прилагодена на способноста на учесниците.
Времетраење на акцијата (вкупно): 4-5 часа
Опрема (задолжителна / препорачана):
• Ранче
• Планинарски чевлички или високи патики
• Облека соодветна на времето, капа, ракавици, облека за преслекување, очила за сонце
Храна: Од ранец. Вода 1л.

Тргнување од: Акцијата започнува во 09:40 од паркингот под манастирот Св. Богородица на влезот на кањон Матка. До тука сообраќа автобус на ЈСП со број 60, кој поаѓа од Транспортен центар. Најдобро да се искористи оној кој поаѓа во 08:45 од Транспортен центар. За враќање ќе го искористиме автобусот кој поаѓа во 14:40 или 15:30 од Матка, зависно од времето на враќање.
На страната на ЈСП може да се провери возниот ред по станици.

Планинарски водичи: Јовица Апостоловски, Ирена Диков, Љубица Матевска, Дарко Трајковски, Eли Елии, Христифор Саракинов

Цена: –
Пријавување: најдоцна до ( 26.10.2018, петок )
Лица за контакт: Јовица Апостоловски 070 864 555, Ирена Диков 070 325 618, Љубица Матевска 071 390 626, Дарко Трајковски 076 274 742, Ели Елии 078 332 486, Христифор Саракинов 071 333 263

Напомени:

• Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.