Поради тоа што постоеше интерес за претходно откажаната акција на врвот Дерза, одлучено е повторно да се закаже акцијата пред да се влошат временските услови.

Технички податоци:  1500 м D+, должина на патеката 17 км. во двете насоки.

Опис на патеката: Се поаѓа од с. Тануше (1200 м.н.в.), најпрво кон платото пред Три Синори (2061 м.н.в.), а потоа на север кон врвот Дерза (2403 м.н.в), при што се поминува под врвовите Шуплив Камен (2431 м.н.в.) и Црн Камен (2400 м.н.в.). Последните педесетина метри се технички, се поминува по ронлива карпа, со поголеми бездни од двете страни. Враќањето ќе се одвива по патеката по текот на Рибничка Река.

Тежина: Акцијата е класифицирана како тешка и за истата е потребна одлична психофизичка подготовка. Не е предвидена за планинари почетници и за оние кои имаат фобија од височина. Во најголем дел движењето ќе се одвива по беспатје.

Времетраење на акцијата (вкупно): 8-10 часа

Опрема: Планинарски чевли со добар ѓон, планинарски стапчиња, топла облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, челна лампа и полн мобилен телефон.

Храна: од ранец, а потребно е да се носи и најмалку 1 литар вода.

Превоз: од Скопје се поаѓа во 04:30 ч. од бензиската станица на Макпетрол на западниот излез.

Цена: 500 ден.

Број на учесници: најмногу 7 (поради условите на теренот, како и достапноста на почетната точка со теренско возило).

Пријавување кајВелимир Граоркоски 071 564 458, veljogr@yahoo.com

 

НАПОМЕНИ:

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите, во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Еден учесник може да биде исклучен на почетокот или во текот на акцијата доколку се утврди дека не ја поседува соодветната планинарска опрема и не ги почитува препораките на водачот.
  • Сите учесници во групата се движат позади главниот водач (никако пред него), освен кога водачот ќе побара поинаку.
  • Организаторот го заддржува правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.