ПРОГРАМА

Опис на акцијата: Хотел Молика – Пелистер – Големо Езеро – Нижеполе

Должина на патеката: Кружна тура вкупна должина 22 км.

Висинска разлика: 1480 m.

Стартна точка на акцијата: Хотел Молика.

Опис на патеката: Поаѓаме од пред хотел Молика 1420 мнв., се упатуваме по камењарот до врвот Стив 2463 мнв. по мала денивелација се искачува и врвот Илинден 2542 мнв. и отаму се упатуваме кон врвот Пелистер 2601 м. По мала пауза за окрепување на групата се упатуваме по сртот преку Партизански врв 2342 мнв., Широко стопало 2415 мнв. и Ветерница 2420 мнв. се до Планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“ 2218 мнв. каде е планирано ноќевање. Должината на патеката која треба да се помине првиот ден е во должина од 15 км. Наредниот ден планирано е групата да се упати кон Нижеполе 1100 мнв. каде и завршува акцијата, вториот ден се предвидени да се поминат 7 км.

Напор: Акцијата влегува во тешки поради должината на патеката.

Времетраење на акцијата: Првиот ден 8-9 часа а вториот ден 2-3 часа.

Превоз: со сопствени возила

Опрема (задолжителна / препорачана):

  • Ранец 45 л.+ за дводневни тури
  • Планинарски разгазени чевли
  • Кабаница
  • Облека соодветна на времето, капа, ракавици, облека за преслекување, очила за сонце

Ноќевање: во планинарскиот дом на Големо Езеро, 200 ден. со планинарска книшка.

Храна: Од ранец за првиот ден до планинарскиот дом. Во домот има можност да се нарача чорба или грав. Или постои можност за приготвување храна доколку учесниците на акцијата имаат понесено.

Вода: 1.5 л. (на првиот дел од патеката пред камењарот има чешма со питка вода)

Тргнување во 05:15 часот од: Бензинска пумпа МАКПЕТРОЛ – на излез од Скопје, Автокоманда

Акцијата започнува во:  08:00 одпред хотел Молика.

Планинарски водичи: Христифор Саракинов, Петар Герасимов, Елена Петковска

Пријавување: најдоцна до (18.10.2018до 12 часот – Четврток)

Лица за контакт: Христифор Саракинов 071 333 263

 

Напомени:

 

  • Во случај на неповолни временски услови акцијата на време ќе биде откажана
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
  • Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.