Опис на акцијата: Поаѓање од с. Патишка Река – искачување на врвовите Остри Врв 2263м ,Убава 2352м  преку Црн Камен, Горни Пепељак и враќање во с.Патишка Река.

 

Висинска разлика: 1520 м D+, должина на патеката 18 км.

 

Стартна точка на искачувањето: с.Патишка Река 920мнв.

 

Опис на патеката: се оди по широк каменит пат околу 1час и се влегува во шумскиот појас каде што почнува качувањето се до 1800мнв и се доаѓа до тревен терен до бачилото под Остри Врв и се продолжува по изразито стрмен терен се до Остри Врв и Убава. Симнувањето продолжува по мешовит терен каде што има каменит и тревен дел се до спуштањето на патот кај Горни Пепељак каде што се продолжува по земјен пат до с.Патишка река.

 

Напор: Ова е тешка планинарска тура и за истата е потребна добра психофизичка подготовка и не е предвидена за планинари почетници.

 

Времетраење на акцијата (вкупно): околу 8 часа

 

Опрема (задолжителна / препорачана):

  • Планинарски чевли водонепропустливи со добар ѓон
  • Планинарски стапчиња, топла облека прилагодена на временските услови
  • Очила за сонце, челна лампа и полн мобилен телефон.

 

Храна: од ранец и потребно е да се носи најмалку 2 литри вода.

 

Тргнување од: Скопје, од кај Желeжничка Станица – паркинг кај Пошта 2 во 6 часот.

Планинарски водaчи: Тодор Ивановски и Петар Герасимов.

 

Превоз: со сопствени возила

Лице за контакт:  Тодор Ивановски моб. 070 36 85 25

 

Напомени:

 

  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
  • Водичите го заддржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.