05.10.2018, петок

Поаѓање од Скопје до Ниш, од каде што со заеднички превоз со колеги планинари од Белград продолжуваме кон Турција.

06.10.2018, сабота

12:00 Истанбул, прошетка и сместување.

07.10.2018, недела

Поаѓање од Истанбул кон Гореме, Кападокија. Сместување во хотели.

08.10.2018, понеделник

Прошетка низ Кападокија (Cappadocia), Гореме (Goreme), Аванос (Avanos), Зелве (Zelve) – градот во карпи (факултативна посета).

09.10.2018, вторник

Пешачење по означени патеки околу Гореме.

10.10.2018, среда

Група А: 01:00 – Искачување на Erciyes Dağı (3.916 м.). Искачувањето почнува од 2.200 м. Должината на патеката е 21 км, со висинска разлика од 1.900 м. Патеката од 3.700 м. до врвот е напорна и погодна само за искусни планинари. Задолжително е користење на планинарска техничка опрема (шлем, дерези, цепин).

Група Б: Искачување од 2.200 до 2.800 м. пешки или со жичарница. Должината на патеката е 9 км, а висинската разлика 700 метри. Двете групи на слегување се спојуваат и тргнуваат кон Гореме.

11.10.2018, четврток

Посета на кањонот / долината Ихлара (Ihlara), на вулканското езеро Нарлигол (Narligol), на подземниот град Деринкују (Derinkuyu).

12.10.2018, петок

Слободен ден (летање со балони – 110 евра по човек)

13.10.2018, сабота

Пат кон Истанбул. Ноќевање во Бугарија.

14.10.2018, недела

Пат кон Ниш и Скопје.

 

Опрема: опрема за високогорски искачувања (дерези, цепин, шлем), планинарски стапчиња, гамаши.

Облека: соодветна на времето и на искачувањето на височина од околу 4.000 м.

Цена: 295 евра (вклучен автобуски превоз од и до Скопје и 8 ноќевања со доручек). Аконтација од 100 евра до 1 септември 2018. Цената е формирана за група од минимум 40 учесници. За помала група, цената ќе биде соодветно прилагодена.

Пријавување до:

  • ПСД МАКПЕТРОЛ, Скопје
  • ПК БАЛКАН, Белград

Напомени:

  • Секој учествува во акцијата на своја одговорност.
  • Учесниците се должни да ги почитуваат насоките на организаторите.
  • Водичите имаат право да исклучат членови во планинарската акција пред стартот на акцијата доколку не ги исполнуваат наведените услови и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема.
  • Организаторите го заддржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од објективни и субјективни причини.