17 – 18 август 2019, Хајла и Жлијеб, Проклетије, Црна Гора

17 – 18 август 2019, Хајла и Жлијеб, Проклетије, Црна Гора

Опис на акцијата: Искачување на Хајла и Жлијеб, врвови на Проклетије.

Сабота, 17 август

  • 06:00 – Скопје – Рожаје – искачување на врв Хајла (2.403 м)
  • Рожаје – превоз до катуни Штедим.

Недела, 18 август

  • 07:00 – Искачување на врвот Жлијеб (2.382 м.)
  • 17:00 – Рожаје – Скопје

 Опис на патеките: Патеката до Хајла и до Жлијеб се лесни патеки и достапни за сите планинари.

Опрема:

  • Планинарски чизми, планинарски стапчиња.
  • Облека соодветна на времето.
  • Вреќа за спиење и подлога.

Храна: во планинарски домови, и од ранец
Планинарски водич
: Горан Николоски.
Пријавување до 15 август 2019

Контакт: Горан Николоски, 070/200-506, goran.nikoloski@t.mk

Напомени:

  • Акцијата е предвидена за сите планинари.
  • Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени и да бидат во добра здравствена состојба.
  • Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема.
  • Водичите го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.

 

Хајла

 

Жлијеб

 

Рунолист на Жлијеб

16-18 август, – Каранфили и Очњак, Проклетие-Црна Гора

Програма:

  • Петок, 16 август

Поаѓање од Скопје во 16 ч. Пристигнување во долината Гребаје во 22 ч.

Ноќевање во шатори (за тие што немаат шатори ќе можат да ги користат клупските).

  • Сабота, 17 август

5:30 – Искачување на Северен врв (2.460 м.) на Каранфили и на Очњак (2.185 м.). Ноќевање.

  • Недела, 18 август. Појадување, прошетка по блиската околина и поаѓање за Скопје.

Турата е кондиционо и технички многу тешка, затоа можат да се пријават само проверени планинари со искуство на карпа.

Храна: од ранец или во катунот (по желба).

Превоз: организиран со комбе

Задолжителна опрема:

Појас, кацига, сет за ферата. Останатата опрема во зависност од временските услови.

 

 

Водачи:

Елена Петковска    078 332 486

Петар Герасимов   070 330 765

 

Погледнете го извештајот од претходната акција на следниот линк:

ЛИНИЈА НА ЖИВОТ – КАРАНФИЛИ И ОЧЊАК

 

 

  • Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не дозволи учество на акцијата на пријавените за кои што смета дека не ги исполнуваат условите.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.

 

 

6-9 септември, Пирин Треил 2019

Програма:

  • Петок, 6 септември

Поаѓање од Скопје во 3 ч. Пристигнување  на хижа Вихрен околу 8-9 ч. по бугарско време. Искачување на врв Вихрен по стандардната патека, спуштање од Вихрен по северниот гребен до седлото, искачување на Кутело, продолжуваме преку Кончето до Бански Суходол. Враќањето ќе се одвива по другата патека која води по североисточната страна на Вихрен. Во попладневните часови, традиционално одиме во националниот ресторан кој се наоѓа во близината на хижа Бандерица каде се служи извонредна храна за малку пари. Ноќевање во хижа Вихрен.

  • Сабота, 7 септември

Во 6 ч. Поаѓање во правец на Тевно Езеро, попатно се поминуваат повеќе езера: Окото, Жабешко, Рибно и Долго Бандеришко Езеро, преку Главиншка Порта, Тевно Василашко Езеро, Бандеришки Чукар, Типицки Чукар (Типицки Езера), Превалски езера, Валвишки Езера, Чаирски Езера, преку Превалски Премин до Тевно Езеро. Ноќевање во хижа Тевно Езеро.

  • Недела, 8 септември

 

Во 6 ч. поаѓање, искачување на врвот Џангал, спуштање во правец на Валјавишки езера, потоа по течението на р. Демјаница се до хижа Демјаница каде ќе биде третото ноќевање.

 

  • Понеделник, 9 септември

Искачување на Мала и Голема Тодорка, спуштање до хижа Вихрен.  Мал одмор и поаѓање за Скопје во попладневните часови

Задолжителна опрема:

Појас, кацига, сет за ферата (оваа опрема ќе се користи само првиот ден при поминување на Кончето, после тоа се остава во возилата), останатата опрема според временските услови. Препорачливо е да се носи ранец 40-50 л.

Храна: од ранец или во домовите (во сите домови се служи храна по пристапни цени. Течности за еднодневна тура од околу 7-8 часа пешачење. Водата кај домовите е исправна за пиење.

Превоз и сместување: организирано

Телефони за контакт:

Петар Герасимов               070 330 765

Христифор Саракинов     071 333 263

Водачи:

Петар Герасимов

Христифор Саракинов

Елена Петковска

 

Погледнете го извештајот од претходната акција на следниот линк:

Пирин Треил 2017

  • Организаторот има право да направи селекција на пријавените кандидати и да не дозволи учество на акцијата на пријавените за кои што смета дека не ги исполнуваат условите.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
  • Организаторот има право
  • Водачите го задржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.

 

 

1 – 4 АВГУСТ 2019 – ПЛАНИНАРЕЊЕ И КАЊОНИНГ НИЗ ЦРНА ГОРА

1 август 2019, четврток

  • 23:00 – поаѓање од Скопје кон Црна Гора. Сместување во Жабљак.

2 август 2019, петок

  • 10:00 – Кањонинг, Кањон Невидио (времетраење 4 часа).

3 август 2019, сабота

  • 07:00 – Искачување на Боботов Кук (2.522 м.).
    • Должина на патеката: 15 км.
    • Стартна точка: седло (1907 м.)
    • На неколку стрмни секции при искачувањето има поставено сајли за полесен пристап каде што е потребна употреба на планинарска техничка опрема
    • Висинска разлика: 700 м. D+
    • Времетраење на акцијата: 8 ч.
    • Неопходна опрема: планинарски чизми, планинарски стапчиња, шлем, појас, сет за ферата  (сопствена или клупска опрема)
    • Напорна акција

4 август 2019, недела

  • 07:00 – искачување на Мали Меѓед (2.223 м.) и на Велики Меѓед (2.287 м).
    • Должина на патеката: 13 км.
    • Стартна точка: Развршје (1.550 м.).
    • На неколку стрмни секции при искачувањето има поставено сајли за полесен пристап каде што е потребна употреба на планинарска техничка опрема.
    • Висинска разлика: 700 м. D+
    • Времетраење на акцијата: 6 ч.
    • Неопходна опрема: планинарски чизми, планинарски стапчиња, шлем, појас, сет за ферата  (сопствена или клупска опрема)
    • Напорна акција
  • 15:00 – Поаѓање кон Скопје.

 

Опрема:

  • Планинарски чизми, планинарски стапчиња.
  • Појас, шлем, сет за ферата (ваша или клупска опрема)
  • Облека соодветна на времето.
  • Костим за капење, постари патики за кањонингот

Напомени:

  • Акцијата е предвидена за искусни планинари и за почетници.
  • Сите учесници на акцијата треба да се во добра психофизичка и здравствена состојба.
  • Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема.
  • Водичите го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.

 

Пријавување до 19 јули 2019.

Горан Николоски, 070/200-506, goran.nikoloski@t.mk

 

 

 

 

 

 

 

6 – 9 септември 2019 – Триглав и Мангарт, Јулиски Алпи, Словенија

6 – 9 септември 2019 – Триглав и Мангарт, Јулиски Алпи, Словенија

Опис на акцијата: Искачување на Голем Триглав, највисокиот, и на Мангарт, четвртиот по височина врв на Јулиски Алпи.

 Програма

Ден 1 – 6 септември, петок

  • 09:00 – поаѓање кон Словенија. Сместување во планинарски дом.

Ден 2 – 7 септември, сабота

  • 05:00 – Искачување на Триглав (2.864 м.). Висинска разлика: D+1.850 м. Искачување: 8 ч.
  • Спуштање преку долината Крма. Сместување во планинарски дом.

Ден 3 – 8 септември 2019, недела

  • Искачување на Мангарт (2.679 м.). Висинска разлика: D+780 м. Искачување: 3 ч. Сместување во планинарски дом.

Ден 4 – 9 септември, понеделник

  • 07:00 – Љубљана. Пат кон Скопје.

 Стартна точка на искачувањето: Аљажев дом, 1.015 м.
Опис на патеките
: Патеката до врвот Голем Триглав преку преминот Праг е многу напорна, со секции на кои се поставени метални сајли и каде што е задолжителна употреба на планинарска техничка опрема. Патеката до врвот Мангарт е напорна и води по патеката „Словенечки пат“, која во најголем дел е обезбедена со метални сајли и каде што е задолжителна употреба на планинарска техничка опрема.
Опрема:

  • Планинарски чизми, планинарски стапчиња.
  • Појас, шлем, сет за ферата.
  • Облека соодветна на времето.

Храна: во планинарските домови, и од ранец
Планинарски водич
: Горан Николоски, лиценциран планинарски водич во Словенија.
Пријавување до 20 август 2019

Контакт: Горан Николоски, 070/200-506, goran.nikoloski@t.mk

Напомени:

  • Акцијата е предвидена за искусни планинари.
  • Искачувањето на врвови на Јулиски Алпи е многу напорно и задолжителна е добра физичка кондиција и познавање на употреба на техничката опрема.
  • Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени и да бидат во добра здравствена состојба.
  • Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема.
  • Водичите го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.

 

Триглав

 

Мангарт

10 – 13 октомври 2019, Атос, Света Гора

10 – 13 октомври 2019, Атос, Света Гора

Опис на акцијата: Планинарење и пешачење по низ Света Гора. Искачување на врвот Атос (2.033 м.).

Програма

9 октомври, среда попладне

  • Тргнување со кон Уранополис, преспивање во хотел.

10 октомври, четврток

  • Рано наутро тргнување со брод од Уранополис кон Св. Ана
  • Искачување на врвот Атос (2.033 м.)
  • Преспивање на 1.500 м.

11 октомври, петок.

  • Посета на скит Продромос и Манастирот Голема Лавра
  • Преспивање во Голема Лавра.

12 октомври, сабота

  • Посета на Кареја, манастирите Кутлумуш, Ставроникита, Пантократор, Ватопед.
  • Преспивање во Ватопед.

13 октомври, недела

  • Манастир Ватопед – Манастир Зограф – со брод до Уранополис – Скопје

Стартна точка на искачувањето: Пристаниште Света Ана, 0 мнв.

Опис на патеките:

  • Вкупната должина на турата (пешки) е околу 70 км.
  • Искачувањето на Атос (2033 м.) е D+ 2033 м.
  • Слегувањето од Атос кон Манастирот Лавра е долго 20 км, D+ 1000 м./D- 2330 м.

Опрема:

  • Планинарски чизми, планинарски стапчиња.
  • Облека соодветна на времето.

Храна: сопствена, во манастирите
Планинарски водич
: Горан Николоски
Пријавување до 20 јули 2019

Контакт: Горан Николоски, 070/200-506, goran.nikoloski@t.mk

Напомени:

  • Акцијата е предвидена за искусни планинари.
  • Искачувањето на врвот Атос е напорно и задолжителна е добра физичка кондиција.
  • Сите учесници на акцијата треба да се добро психофизички подготвени и да бидат во добра здравствена состојба.
  • Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана.
  • Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
  • Водичот имаа право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки и не ја поседуваат соодветната планинарска опрема.
  • Водичот го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.