Кадиица и Лута

Еднодневна, релативно лесна акција на 31.3.2019 (недела), на двата централни врвови на планината Бабуна – Кадиица (1430 м.н.в.) и Лута (1500 м.н.в.), од каде што се протега прекрасен поглед на Пелагонија.

Се поаѓа од селото Ораов Дол (500-550 м.н.в.) по делумно обележана патека до месноста Момин Вир (700 м.н.в.) каде што има прекрасни слапови на реката Брезица. Оттаму преку Осојница и Трештеник, по не толку видлива патека (на одредени места воопшто и нема да се оди по патека) планирано е да се отиде прво на врвот Кадиица (времетраење на искачувањето од околу 2 часа), а потоа доколку има време и услови и на соседниот врв Лута кој е оддалечен половина час. Враќањето ќе се одвива преку изворишниот дел на реката Брезица и по сртот од нејзината десна долинска страна при што се поминува низ предел со прекрасни камени форми.

Вкупната должина на патеката во двете насоки изнесува 13-14 км.

За подетални информации за овие предели, погледнете ги претходните акции на планинарското друштво. Извештајот од 2015 година може да се види тука.

Тргнување од Скопје во 5.00 на бенизнската пумпа Макпетрол на источниот излез. Ќе може да се договори и попатно собирање на учесниците.

 

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА:

– облека – соодветна за движење во пролетни услови, без многу снег, но со променливо време и влажен терен;

– вода – добро е да се понесе барем 1 литар вода;

– цена – 500 денари.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ:

Велимир Граоркоски  071 564-458 / veljogr@yahoo.com

 

НАПОМЕНА:

– секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на водачите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

– движењето се одвива во група предводена од организаторот и водачите;

– водачите имаат право да исклучат учесник уште пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција;

– водачите имаат право да исклучат учесник од групата поради непримерно однесување (загрозување на општата безбедност и нарушување на животната средина);

– водачите го задржуваат правото на измени на терминот и текот на акцијата во зависност од временските услови или влијанија од друга природа.

23-24 март, технички тренинг за Алпи

Тренингот се организира првенствено за учесниците на двете Акции што ќе се изведат јули-август 2019. Секој заинтересиран без разлика дали е учесник на овие акции може да присуствува на тренингот и да се запознае со техниките на движење по глечер.

 

ПРОГРАМА

23 март, сабота

Време: 10 ч.

Локација: градски парк, симулација на самоизвлекување од глечерска пукнатина, симулација на извлекување на пропаднат во глечерска пукнатина.

 

24 март, недела

Време: 6ч. поаѓање од бензиската на Макпетрол во Ѓорче Петров

превоз: сопствен

Ќе се вежба: движење во наврска, падови со цепин, правење сидришта, извлекување на пропаднат во глечерска пукнатина на Антени (симулација).

Опрема: појас, кацига, дерези, цепин, 3  карабинери со матица, 2 карабинери без матица, 2 гуртни 120 см., прусик, прусик за нозе (јаже од 3.5 м. дебелина 6 мм.). кој нема комплет опрема ке се послужи од клупската опрема.

Водач: Петар Герасимов 070 330 765

Кревасите на Монте Роса

самоизвлекување од глецерска пукнатина

сопирање на пролизгување во наврска

движење во наврска

изработка на сидриште

24 Март – 8ки на Шишевски

24 Март – 8ки на Шишевски

ЗДРУЖЕНИЕ ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ

Ве Поканува на планинарска акција – Родители и Деца

Вплетени 8ки, мали 8ки и тинејџери 8ки во епизодата:
8ки на Шишевски

Опис на акцијата: Си беа еднаш две осумки. Една голема и една мала 8ка. Одеа во исто општинско училиште за јажиња, гуртни и карабинери. Само во различни одделенија. Големата 8ка не сакаше да се врзува за малата. Дури и кога иста смена во училиште избегнуваше да биде видена со малата 8ка иако заедно доаѓаа од дома до училиштето. Пред да влезат во школскиот двор се групираа со гуртните 90ки и големите HMS карабинери кои исто така ги избегнуваа нивните помали браќа, сестри и другарчиња, 60ки гуртни и овални карабинери. Големи се. Тинејџери. Знаат да се врзат во бродски и булинов јазол, како од шега. Послабичките од генерација додека трепнеш во прусик, додека маливе сеуште едвај продолжителен прават. Па како да не се прават важни?
Затоа на оваа акција, драги јазли, гуртни и карабинери, поголеми и помали заедно со нивните родители, вплетените 8ки, гуртни 120ки и D карабинери, заедно ќе учиме опрема за качување, ќе водиме помали од нас по планинарска патека, ќе се забавуваме и ќе останеме скромни и полни поддршка за оние што знаат или можат помалку од нас. На релација кајакарски мост (Матка) – Св. Никола Шишевски – кајакарски мост (Матка).

Должина на патеката: 4,6 km.

Висинска разлика: 241 m.

Стартна точка на искачувањето Кајакарски мост (на влез во кањонот Матка) 300 мнв.

Опис на патеката: Сите 8ки ќе се соберат на влез од кањонот Матка, пред куќичките со кајаците, кај кајакарскиот мост. Откако ќе го поминеме мостот, наредните 300 m пешачиме по планинарска патека покрај реката Треска. Следи каменест дел, па остатаци од некогаш убава шума, опожарена и уништена од минатогодишниот пожар. Се движиме по изохипса. Стигнуваме до платформа која ќе ја искористиме за мала пауза со убав поглед. Од тука излегуваме на соголен дел по кој минува планинарската патека од каде се отвара поглед кон браната и новогодишниот гребен. За кратко влегуваме во шума. После неколку свртувања излегуваме на изворска чешма со питка вода. Ни следи уште едно – S вртење што не носи пред портите на манастирот Св. Никола Шишевски. Тука остануваме околу 3 часа каде врзуваме јазли, гледаме качувачи по карпите кои го штитат манастирот, играме игри… Се враќаме по истата патека до кајакарскиот мост на Матка.
Напор: Патеката е лесна, со брзина прилагодена на способноста на учесниците.

Времетраење на акцијата (вкупно): 4-5 часа

Опрема (задолжителна / препорачана):
• Ранче
• Простирка, ќебенце или подметач
• Планинарски чевлички или високи патики
• Облека соодветна на времето, капа, ракавици, облека за преслекување, очила за сонце, крем со заштитен фактор

Храна: Од ранец. Вода 1л.

Тргнување од: Акцијата започнува во 10:00 часот од кајакарскиот мост на Матка. До тука сообраќа автобус на ЈСП со број 60, кој поаѓа од Транспортен центар. На страната на ЈСП може да се провери возниот ред по станици.

Планинарски водичи: Јовица Апостоловски, Ирена Диков, Љубица Матевска, Стојан Хаџи-Јевтимов, Велимир Граорковски

Специјални гости: Фамилија 8ки Радевски: Ана Тримоска-Радевска, Ненад Радевски, вплетени 8ки од клуб Екстрем од Спортско Качувачка Федерација

Цена: –

Пријавување: ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до ( 22.03.2019,петок )

Лица за контакт: Јовица Апостоловски 070 864 555, Ирена Диков 070 325 618, Љубица Матевска 071 390 626, Стојан Хаџи-Јевтимов 075 315 213, Велимир Граорковски 078 260 617

Напомени:

• Планинарската акција ќе биде медиумски покриена од МРТ
• Во случај на неповолни временски услови акцијата навреме ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.

17 Март – Зимско на Јелачки Црн Врв

Со цел унапредување на соработката помеѓу Клубовите, П.К. Јелак од Тетово и ЗПСК Макпетрол од Скопје, организираат заедничка планинарска акција на еден од најубавите предели на Шар Планина, Јелачки Црн Врв.

Јелачки Црн Врв за Шара со своите „само“ 1.890 мнв, овозможува неверојатна глетка на околните врвови. Преку долината на Пена се погледот паѓа на магичното трио Кобилица, Шилиџе и Вртоп, како и врвовите Кучибаба и Плоча и под нив Орлоец и Дупнат Камењ. Позади вас е горостасниот Плат и Среден Камен кој ѕирка позади него, а од другата страна се Казани, Бакардан и Титов Врв, а пред вас во процеп помеѓу врвовите ѕирка мал дел од Полошката котлина, така да иако не си многу високо, се чувствуваш како да си на врвот на светот.

Сега нешто околу самата стаза, стазата е рекреативна и спаѓа во редот на лесни стази. Се тргнува од пред планинарскиот дом Смрека и ниско се заобиколува Церипашнина, така да се избегнува искачувањето до антената. Се движиме по земјен пат, за потоа да пресечеме преку ливада и да навлеземе во борова шума која потоа се менува во листопадна, па во мешана и пак во борова. Скоро цело време се движиме низ борова или мешовита шума од каде од време на време излегува низ некој процеп преклрасна гледка на другата страна на кањонот на реката Пена. По патот има доста изворчиња. Проблем може да биде тоа што поголемиот дел од изворчињата сега би биле покриени со снег, ама сепак има доволно вода и тоа чиста планинска.

Стазата е благо слегување кон видиковецот и потоа кон ловечката чека, која е делот од каде што билото Јелак се двои од остатокот од Шар Планина, што му доаѓа и најголемиот дел од нашиот пат, така да слегуваме на околу 1.750 мнв, па од ова место тргнуваме во пострмно искачување и за последните триесетина минути искачуваме околу 140-150 мнв (сепак сме планинари, треба и малку да се испотиме). Тука во најголемиот дел се движиме по густа борова шума се до доаѓањето на сртот каде што се движиме по тревната и на делови каменеста стаза до самиот врв.

Инаки, стазата се поминува за околу два и пол часа и е во должина од околу осум километри по правец, и е добро обележана. Пауза ќе се направи на видиковецот од каде што има прекрасен поглед на целото било на Јелак, како и на самиот врв.

Од потребна опрема:
Бидејќи времето е променливо (иако најавата за 17.03 е баш фантастична), потребно е да се има стандардната зимска планинарска опрема (топла зимска облека во слоеви од волна и/или синтетика, два пара ракавици, капи, резервни чорапи, наочари за сонце и скијачки наочари, балаклава, заштита од ветер, крема за лице, гамашни, челна ламба, планинарски стапчиња). Дерези се задолжителни (10-ка или 12-ка), бидејќи се можни лизгави делови на самиот срт под врвот. Цепини се задолжителни исто така.

Секој да си ги носи потребните лекови кои ги прима секој ден, и тие кои примаат терапија, задолжително да пријават кај водичите.

Храна секој си носи во ранец, важно е да е калорична и енергетска. Вода, најмалку  1 литро и половина.

Ова искачување ќе биде искористено и како приправничка акција за Б1 лиценца, така да ќе морате да не трпите додека ви ги покажуваме и демонстрираме нашите знаења. 😀

ПРИЈАВА:
Од Тетово-да се пријават најдоцна до петок 15.03. до 12 часот за да можат П.К. Јелак да организираат превоз, кај Владо и Цули.
Тргнувањето од Тетово за Попова Шапка би било во 07 часот од пред Домот на култура во Тетово. Тргнувањето од Попова Шапка, поточно од планинарскиот дом Смрека кон Јелачки Црн Врв би бил во 08 часот.

Од Скопје – пријавување најдоцна до петок 15.03. 12:00 часот, кај Јуле и Дарко.

Тргнувањето од Скопје ќе биде во 6:30, кај бензиската Макпетрол, Ѓорче Петров. Со сопствен превоз.

Дојдете да уживаме.

Контакт и водичи на акцијата:
Јулиана Стојановска 070/210-976
Александар/Цули 078/225-034
Дарко Трајковски 076/274-742
Владо/Трпе 070/523-400

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Особена напомена: Секој учесник да ја почитува пораката за заштита на животната средина: „на планина од траги ги оставаме само своите стапки“. Тоа значи својот отпад од секакво потекло да се стави во ќесе и да се врати назад.

25 – 27 април 2019 БОТЕВ ВРВ 2376м.

По  повод 10  години  од  основањето  поканети  сме  од ПСК Балкан од Белград  да  земеме  учество  во  одбележувањето  на тој  јубилеј  со искачување  на  највисокиот  врв  на  Балкан планина  (Стара планина).

П Р О Г Р А М А :

25 април 2019 (четврток)  –  Во 21:00 часот поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта 2. Ноќно возење со попатни паузи.

26 април 2019 (петок) –  Пристигање во Калофер околу 6 часот. Спојување со групата од Белград и поаѓање од месноста Паниците кон планинарскиот дом РАЈ на 1430м.н.в. Должина на патеката – околу 10км, пешачење  околу 4,5 часа.

Сместување во повеќекреветни  соби (со 5,7,10 кревети).  После  краток  одмор  доколку се погодни  временските  услови  може  да  се  продолжи искачувањето  до  Ботев  врв  2376м.  Пешачењето  до  врвот  е  2,5 – 3 часа.  Веднаш  позади  хижата  е  водопадот  РАЈСКО  ПРСКАЛО –  висок  124 метри.  Враќање  во  хижа  Рај. Во хижата може да се добие  храна. Ноќевање.

27 април 2019 (сабота)  –  Рано наутро  искачување  на Ботев  врв  доколку  тоа  не  е  направено  претходниот  ден.  Враќање  во  хижата  и  спуштање  во  Калофер  од  каде  заминуваме  кон  Скопје.

Доколку  искачувањето  е  направено  претходниот  ден  ќе  имаме  време  за  посета  на  градчето – музеј  Копривштица.  Линк:

https://www.youtube.com/watch?v=_f6ShTQhr3Q

ДОКОЛКУ  НЕКОЈ  САКА   МОЖЕ  ДА  ЈА  ПРОДОЛЖИ  ТУРАТА  СО  ПЛАНИНАРИТЕ  ОД  ПСК  БАЛКАН  ДО  ПОНЕДЕЛНИК !  Линк:

http://pkbalkan.org/10-vrhova-balkana-za-10-godina-balkana-25-do-29-4-2019/       

ПОТРЕБНА  ОПРЕМА  –  планинарска  зимска  опрема , пл. кондури, дерези,  гамашни,  кабаница  за  дожд,  шише  со  1,5л  вода,  храна  од  ранец  при  искачувањето.

ПОТРЕБНИ  ДОКУМЕНТИ  –  пасош, планинарска  книшка  со  маркица  за  2019 година,  патничко  осигурување.

ТРОШОК  –  60 – 70 евра ( за превоз  и  ноќевање,  зависно  од  големина  на  групата).

Н А П О М Е Н А  –  секој  учесник  во  акцијата  учествува  на  сопствена  одговорност.  Учесниците  се  должни  да  ги  почитуваат  наредбите  и  советите  на  водачите.  Во  случај  на  непредвидени  околности  кои  би  влијаеле  на  здравјето  или  безбедноста  на  учесниците  водачите  можат  да  ја  изменат  или  прекинат  акцијата.

П Р И Ј А В У В А Њ Е –  до  пополнување  на  местата  во  минибусот. Teл.: 070 725-880, e-mail: nikola.donovski@gmail.com.

В О Д А Ч И : Никола Доновски,  Миланка  Арсиќ  и  Горан  Савиќ  од  ПСК Балкан.

 

 

 

15 – 17 март 2019 М И Џ О Р 2169м.

Ова е тренинг-акција за искачување на Атлас, Дамаванд, Алпи…

Миџор е највисок врв во Србија -2169м. Се наоѓа на Стара Планина, на границата меѓу Србија и Бугарија.

ПРОГРАМА:

15 март 2019 (петок) – Во 14ч. поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта 2.

– возење Скопје – Ниш – Сврљиг – Кална – Мездреја.

– сместување во објект “Конак” во Мездреја (убав, среден, пристоен објект).

– вечера, ноќевање.

16 март 2019 (сабота) –  Рано наутро станување и доручек.

– превоз до планинарски дом Бабин зуб на 1580м.н.в.

 – од планинарскиот дом пешачење према Жаркова чука и потоа над Бачилото  се излегува на граничниот гребен по кој се продолжува до врвот Миџор. Краток одмор и потоа враќање до пл. дом.

– враќање во Мездреја, вечера

– ноќевање.

17 март 2019 (недела) – Доручек и потоа превоз до ски – центарот Бабин зуб.

– искачување на стеновитиот врв Бабин зуб 1780м.н.в.

– враќање во Мездреја, земање на стварите и заминување кон Сврљиг

– фотографирање кај водопадот “Бигор”

– по желба ручек во ресторан “Kамионџије” во Сврљиг (извонредна скара).

– враќање преку Ниш за Скопје.

Оваа акција е со средна тежина. Се совладува околу 600м висинска разлика. Должина на патеката 15 км во двата правци, околу  6 часа пешачење.

Ски-центарот Бабин зуб дава можност и за скијање.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:  лична карта или пасош, планинарска книшка со маркица за 2019 година, патничко осигурување.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:  топла зимска облека, капа, ракавици, гамашни, кабаница, дерези, штеки, цепин.

ТРОШКОВИ:  60 евра (за превоз и два полупансиона).

НАПОМЕНА:  секој учесник учествува на сопствена одговорност. Сите учесници се должни да ги почитуваат наредбите и советите на водачите. Водачот може да ја прекине акцијата доколку оцени дека временските неприлики може да се одразат на безбедноста на учесниците.

ПРИЈАВУВАЊЕ до пополнување на местата во минибусот.

ВОДАЧИ:  Никола Доновски, тел. 070 725-880, e-mail:  nikola.donovski@gmail.com

Миланка Арсиќ (ПСК Балкан од Белград)

Александар Мијатовиќ (ПСК Балкан од Белград)