Веливар 10.03.2019

Веливар 10.03.2019

Прочка. Ден кога, нели треба да си ги простиме грешките, да побараме прошка. Затоа и само 9 „грешници“, кои на тој христијански ден отидоа, ако не во свое, тогаш во името на сите оние кои им имаат згрешено на планините, на шумите, на природата… да се покајат и побараат прошка за се она што човештвото и цивилизацијата им има направено. (more…)

9 март 2019  БРЕЗОВИЦА – ПИРИБРЕГ 2522м

9 март 2019 БРЕЗОВИЦА – ПИРИБРЕГ 2522м

Акцијата ја започнавме според планот, времето не послужи и за околу час и половина бевме кај ски центарот Брезовица на 1740м.н.в. На 500м пред центарот моравме да платиме влез – по 1 евро на човек плус 2 евра за минибусот. Иако беше доста рано – 8.30 часот, затекнавме голем број паркирани возила. Тоа значеше доста голема посета. Снег има во изобилство, се разбира не беше пршич но сепак поволен и за скијање. Ние шестмина се упативме по патека внесена во GPS – затоа што досега не сме биле таму. (more…)

24.02.2019 Кобилица

24.02.2019 Кобилица

14 планинари од ЗПСК Макпетрол и Петрикор тој ден во 6 часот се појавија на зборното место, бензиската на Макпетрол во Ѓорче Петров. Беа предвидени -24°С со ветерот од околу 20-30 км/ч. Oва беше најоптимистичката прогноза нa ден пред тргнување, инаку претходните прогнози беа многу полоши. Токму затоа го сменивме првичниот план и наместо на Езерски Врв појдовме на Кобилица, каде што, според конфигурацијата на теренот и правецот на ветрот требаше да бидеме помалку изложени на „чилот“ од ветерот. Така и беше.

(more…)

Родители и деца во епизодата: На буквата, на буквата – О

Родители и деца во епизодата: На буквата, на буквата – О

Кога Обмислениот ден ќе помине Одлично во Опкружување кон кое стремиме со оваа иницијатива, тешко е да се Опише со зборови… Охрабрени родители (десетина на број), Одважни на минусните температури Одоговорија на нашата акција. За најголемиот број деца Ова беше прво зимско календарско искачување на некој врв, што не прави Особено горди. Облечени во соодветна Облека и Опрема за овие временски услови, со високи Обувки, по сончевата патека од с.Горно Соње до Крстовар се Ориентиравме со помош на компас, и Ознаките на дрвата (планинарски маркации) а повремено направивме и по некој Одмор. Учевме како да се Однесуваме кон луѓето што ќе ги сретнеме и Околината Околу нас. (more…)

Пескови (2651 мнв.) 16.02.2019

Пескови (2651 мнв.) 16.02.2019

 

Пескови (2651 мнв.) е највисокиот врв на потегот Титов Врв-Љуботен. Од македонска страна недостапен во зимски услови, дури и во летни ретко кој го качува поради големата оддалеченост до најблиското село. Затоа, од пред неколку години дојдовме на идеја врвовите на Шар Планина да почнеме да ги искачуваме и од косовска страна. До тогаш немаше споделени искуства, па моравме сами да си ги цртаме патеките во Google Earth и со помош на GPS да се движиме по непознатиот терен. Како за промена, ни се виде многу интересно, нови перспективи, искуства… И така, еден по еден: Љуботен по северниот гребен, Куќинагледски Врх од Брезовица, Езерски од под Превала, Јажиначко Езеро, Пескови од Превала, Црни Врх од Превала, сега за сега толку ама ќе продолжиме понатаму во блиска иднина. Пескови, највисокиот, најатрактивниот и воедно најдостапниот многу често го качуваме, во сите метеоролошки услови и годишни времиња. Неговата поставеност и достапност, го прави, да можете да се „дрзнете“ да отидете во било кое време. Оддалечен е само 5.5 км од Превала, излетничкото место во Косово каде ги оставаме колите и каде на враќање ја правиме задолжителната рехидрација со по едно/две печки пива, а има и убави ќебапи. Гребенот на Велика Планина е максимално безбеден за движење (лавински безопасен). По некоја логика со најмалку снег и погодно за движење во зимски услови. Така барем било до сега. (more…)

Куќинагледски Врх 2521 мнв.

Куќинагледски Врх 2521 мнв.

Пирибег, Пири Брег или Кучиногледски Врв. Како и да е, се мисли на оној врв со 2521 мнв. за кој најчесто се тргнува од с. Беловиште, поминувате 10 км. и скоро 2000 м. висинска разлика за да стигнете до него. Името е секогаш различно, ама врвот кога и да отидете е секогаш истиот, препознатлив по старата жичарница, металните контејнери и предаватели кои се надвор од функција од времето на „бивша“ Југославија, но, на нам планинарите и тоа како корисни, особено во зимски услови кога уморни и премрзнаати ќе пристигнеме на врвот, да имаме каде да се скриеме, да земеме душа, да јадеме…

(more…)