Водопади на Студенчица, Бистра, Лопушник

Целодневна, амбициозна акција на 9 јуни на југоисточниот дел од планината Бистра, која ќе започне од каптажата на реката Студенчица, преку нејзиниот изворишен дел каде што се наоѓаат водопадите, до питомиот, но висок врв Бистра (2102 м.н.в.) како крајна дестинација, додека враќањето ќе се изврши преку месноста Лопушник (можна е и посета на врвот Стог каде што се наоѓа спомен-плочата на Кочо Рацин) до селото Извор на изворите на реката Треска.

Целта е во еден ден да се посетат два од најголемите извори во Македонија и да се одбележи 76 годишнината од загинувањето на Кочо Рацин.

Акцијата е многу напорна, во првиот дел до врвот Бистра се оди по беспатје или по незгодни патеки, а и должината од 23+ километри не е наивна. За да се има време успешно да се изведе, акцијата се планира да започне најдоцна до 6.00, што значи дека од Скопје ќе се тргне од бензинската станица на западниот излез во 3.45.

Доколку временските услови не се задоволителни, акцијата ќе мора да се откаже.

ВОДАЧ НА АКЦИЈАТА:

Велимир Граоркоски veljogr@yahoo.com

Пријавувањето ќе се одвива исклучиво преку е-пошта, со оставање контакт телефон за секој учесник поединечно. Пријавените учесници ќе бидат контактирани за деталите најдоцна еден ден пред поаѓањето.

НАПОМЕНА:

– секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на водачите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

– движењето се одвива во група предводена од организаторот и водачите;

– водачите имаат право да исклучат учесник уште пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција;

– водачите имаат право да исклучат учесник од групата поради непримерно однесување (загрозување на општата безбедност и нарушување на животната средина);

– водачите го задржуваат правото на измени на терминот и текот на акцијата во зависност од временските услови или влијанија од друга природа.

Карбула

Карбула

Во Македонија, па и пошироко, има многу населби со име Селце. Името Сенце што го носи преубавото горнореканско селце, сместено покрај Горни и Долни Сенечки Карпи над најтесниот дел од клисурата на реката Радика, кај некои од учесниците на акцијата за искачување на врвот Карбула предизвика мала забуна. Најверојатно мислеа дека се работи за ненамерна печатна грешка при објавата на акцијата и претпоставуваа дека кон Карбула ќе се тргне од малореканското село Селце, што ќе беше секако преголем потфат во услови кога на местото одредено за почеток на пешачењето шеснаесетчлената група пристигна во 10.15. Како и да е, Сенце е селце во вистинска смисла на зборот – мало, одвоено од цивилизацијата, неприметливо кога се патува од Маврови Анови кон Дебар, дури и малку воочливо на мапа. До пред неколку години немаше ниту асфалтен пат, што не ги спречуваше мештаните редовно да си ги посетуваат и обновуваат родните куќи, да се грижат за црквата и да започнат обновување на џамијата. (more…)

Карбула (од Сенце)

Еднодневна, средно-тешка акција на 21.4.2019 (недела), на вториот по височина врв на планината Бистра – Карбула (2151 м.н.в.), од каде што се протега најубавиот поглед на кањонот на Радика.

За разлика од многупати претходно кога ПСК Макпетрол организираше акции кон Карбула поаѓајќи од Галичник, Маврово или од Болетин, овојпат почетната точка ќе биде прекрасното село Сенце (1100-1200 м.н.в.).

Движењето ќе започне по прекрасна патека, но потоа во зависност од простирањето на снегот на места ќе мора да се скршне од неа. Доколку има уште време на располагање може да се посети и врвот Меденица и/или уште 4 други врвови во близина, повисоки од 2000 м.н.в.

За подетални информации за овие предели можете да се информирате овде.

Тргнување од Скопје во 8.00 на бенизнската пумпа Макпетрол на западниот излез. Ќе може да се договори и попатно собирање на учесниците.

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА:

– облека – соодветна за движење во пролетни услови, но со снег во голем дел од планираното движење, променливо време и влажен терен;

– вода – добро е да се понесе барем 1 литар вода;

– цена – 500 денари.

ПРИЈАВУВАЊЕ:

Велимир Граоркоски  veljogr@yahoo.com (пријавените учесници ќе бидат контактирани најдоцна еден ден пред поаѓањето)

НАПОМЕНА:

– секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на водачите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

– движењето се одвива во група предводена од организаторот и водачите;

– водачите имаат право да исклучат учесник уште пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција;

– водачите имаат право да исклучат учесник од групата поради непримерно однесување (загрозување на општата безбедност и нарушување на животната средина);

– водачите го задржуваат правото на измени на терминот и текот на акцијата во зависност од временските услови или влијанија од друга природа.

Кадиица и Лута

Кадиица и Лута

Чудна пролет на планината Бабуна. Ако ги занемариме пупките во непосредната близина на селото Ореов Дол, ќе мислевме дека сме дошле за време на сушна есен. Рекичките беа тука, но оскудни со вода како да е лето. Зимата штотуку си замина, а снег речиси и да немаше. Меѓу сите овие нелогичности и променливости имаше една константа – пределите што ги поминавме беа прекрасни како и секогаш, без разлика на сезонските услови. (more…)

Кадиица и Лута

Еднодневна, релативно лесна акција на 31.3.2019 (недела), на двата централни врвови на планината Бабуна – Кадиица (1430 м.н.в.) и Лута (1500 м.н.в.), од каде што се протега прекрасен поглед на Пелагонија.

Се поаѓа од селото Ораов Дол (500-550 м.н.в.) по делумно обележана патека до месноста Момин Вир (700 м.н.в.) каде што има прекрасни слапови на реката Брезица. Оттаму преку Осојница и Трештеник, по не толку видлива патека (на одредени места воопшто и нема да се оди по патека) планирано е да се отиде прво на врвот Кадиица (времетраење на искачувањето од околу 2 часа), а потоа доколку има време и услови и на соседниот врв Лута кој е оддалечен половина час. Враќањето ќе се одвива преку изворишниот дел на реката Брезица и по сртот од нејзината десна долинска страна при што се поминува низ предел со прекрасни камени форми.

Вкупната должина на патеката во двете насоки изнесува 13-14 км.

За подетални информации за овие предели, погледнете ги претходните акции на планинарското друштво. Извештајот од 2015 година може да се види тука.

Тргнување од Скопје во 5.00 на бенизнската пумпа Макпетрол на источниот излез. Ќе може да се договори и попатно собирање на учесниците.

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА:

– облека – соодветна за движење во пролетни услови, без многу снег, но со променливо време и влажен терен;

– вода – добро е да се понесе барем 1 литар вода;

– цена – 500 денари.

ПРИЈАВУВАЊЕ:

Велимир Граоркоски  071 564-458 / veljogr@yahoo.com