1 јуни 2019 ПО ТРАСА НА ГАСОВОДОТ – ПЛАЧКОВИЦА

Традиционална еднодневна републичка акција во организација на ПСК МАКПЕТРОЛ Скопје. Акцијата ќе биде изведена на планината Плачковица над Штип.

П Р О Г Р А М А:

1 јуни 2019 (сабота) –  Во 6ч. поаѓање на автобусите од жел.станица – паркинг пред Пошта. Околу 8.30ч. пристигање кај шумската куќа над планинарскиот дом “ВРТЕШКА” на 1200м.н.в.

Во 9ч. во организирана колона поаѓање кон репетиторот “ТУРТЕЛ”1689м.

Одмор кај репетиторот заради сликање и опуштање. Потоа продолжување на пешачењето до месноста “ЦРКВИШТЕ”. Од таму спуштање до планинарскиот дом ВРТЕШКА каде за учесниците ќе биде поделен ручек – планинарско гравче.

После 17ч. заминување за Скопје.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАТЕКАТА:  Средно тешка патека. Должина околу 15км. Висинска разлика околу 500м. Пешачење околу 5 часа. Погодна за сите категории на учесници.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:  Стандардна планинарска опрема прилагодена на временските услови: планинарски кондури, гамашни, кабаница за дожд, стапчиња, мал ранец со малку храна, 1.5л. вода.

ЦЕНА:  350 денари.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА:  на редовните состаноци во среда 22 мај 2019 и среда 29 мај 2019 во предавална 311 на Машинскиот факултет Скопје со почеток од 19 часот.                                                                   Тел. 070 725-880 / 071 333-263 / 070 864-555 / 078 332-486.

ВОДАЧИ:  Лиценцираните водачи од ПСК МАКПЕТРОЛ  и водачи од ПД  ЛИСЕЦ од Штип.

НАПОМЕНА:  заради очекувана поголема масовност учесниците се должни да се придржуваат кон советите и наредбите на водачите и да не се одалечуваат од колоната.

14 – 16 јуни 2019 КОСЈЕРИЌ (Србија)

Поканети сме од ПСК Балкан од Белград да учествуваме на настанот Денови на планинарите на Србија. Овој настан го организира ПСК Балкан со подршка од Планинарскиот сојуз на Србија во рамките на 10 годишнината од основањето на ПСК Балкан. Поканети се клубови од соседните држави.

Место на одржување на настанот е село Мионица, кај водопадот Скакавац опкружено со планините Маљен и Субјел.

Оваа манифестација е погодна прилика за меѓусебно запознавање на планинарите низ учество во планинарски тури, планинарско ориентационо такмичење, планинско трчање, предавања и проекции, изложба на фотографии и секако убаво дружење со пригодна културно уметничка програма.

Линк за подетално запознавање со содржината на настанот:

http://pkbalkan.org/dani-planinara-srbije-14-do-16-6-2019/

 

П Р О Г Р А М А:

14 јуни 2019 (петок) – Во 14 часот поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта 2. Релација Скопје – Ниш – Крагујевац – Љиг – Мионица. Пристигање околу 21 часот. Сместување. Ноќевање.

16 јуни 2019 (недела) – Во 15 часот заминување за Скопје.

 

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:  Обична стандардна планинарска опрема, прилагодена на временските прилики.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: Лична карта. Планинарска книшка со маркица за 2019 година. Патничко осигурување.

ЦЕНА:  2.200 денари за превоз.

СМЕСТУВАЊЕ:  Во сопствен шатор, во домаќинства кои се бават со селски туризам или во хотел. При пријавување обавезно да се наведе видот на сместување.

ПРИЈАВУВАЊЕ:  На тел. 070 725-880,  на редовен состанок на клубот, на e-mail: nikola.donovski@gmail.com

ВОДАЧ:  Никола Доновски.

28 јуни – 1 јули 2019 О Л И М П и кањон ЕНИПЕАС

 

Олимп е голем предизвик за секој планинар. Со својата височина и со техничката захтевност тој е еден од потешките врвови за кои треба и одлична кондиција и психофизичка стабилност.

ПРОГРАМА:

28 јуни 2019 (петок) –  Во 24ч. поаѓање од жел. станица – паркинг пред Пошта 2.

29 јуни 2019 (сабота) –  Во раните утрински часови пристигање во Литохоро. Припрема за пешачење и поаѓање низ кањонот ЕНИПЕАС. Пешачењето трае околу 4 часа. Ќе видиме водопади, манастирот Св. Дионис и пештерите кои ги користел како капели.

Пешачењето завршува на ПРИОНИ 1050м.н.в. Таму ќе не чека превозот и се спуштаме долу на морскиот брег (во Олимпик бич или Паралија). Ноќевање.

30 јуни 2019 (недела) –  Станување, припрема за поаѓање и превоз до местото ГОРЦИА 1130м.н.в.

Од таму ќе го започнеме искачувањето до пл. дом Giosos Apostolidis на 2700м.н.в. Доаѓање во домот во попладневните часови.

Доколку има време и доколку се погодни временските услови ќе можеме да го искачиме врвот СТЕФАНИ 2909м. До него се стигнува со 30 минутно пешачење до почетокот на кулоарот и потоа следи искачување по стрмна и ронлива патека а во завршниот дел и технички захтевна.

Следи фотографирање и потоа враќање по истата патека во домот. Ноќевање.

1 јули 2019 (понеделник) –  Станување и припрема за искачување. Поаѓање од домот со ранците.

ГРУПА А –  Искачување на Митикас 2917м и спуштање по јужната страна до СКАЛА 2866м.

ГРУПА Б –  Пешачење по заобиколната патека ЗОНАРИЈА и искачување на СКАЛА.

Од Скала сите заедно спуштање до пл. дом А (Spilios Agapitos) на 1900м. Краток одмор и потоа спуштање до ПРИОНИ  и заминување за Скопје.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:

ЛИЧНА ОПРЕМА – пл. кондури, стапови, гамашни, кабаница за дожд, капа, ракавици, челна лампа. Пожелна е лесна летна вреќа за спиење од хигиенски причини и да се избегне плаќање на постелнина.

За ГРУПА А потребна е и техничка опрема: кацига, појас, прусик, 3 карабинери.

За ГРУПА Б не е потребна техничка опрема.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:  пасош, пл. книшка со маркица за 2019, патничко осигурување.

ХРАНА  –  од ранец. Во домот има да се купи храна и пијалоци.

ТРОШОЦИ – 80 евра за превоз и две ноќевања.

ВОДАЧИ – Никола Доновски, Миланка Арсиќ. Акцијата е заедничка со ПСК Балкан од Белград.

 

 

13 мај 2019г. Собрание на ЗПСК Макпетрол

Се свикува седница на Собранието на ЗПСК Макпетрол, која ќе се одржи на ден 13.05.2019 година, во седиштето на Клубот во зградата на Машински факултет – Скопје, во 18:00 часот, со следниот:

 

                                           ДНЕВЕН РЕД

 

Процедурален дел

1.1      Донесување одлука за Избор на Претседавач на Собранието на Клубот;

1.2     Утврдување на бројот на присутни членови и изготвување список на истите;

1.3     Определување бројач на гласови и записничар;

 

Работен дел

1.4      Донесување одлука за изменување и дополнување на Статутот на Клубот;

1.5      Донесување одлука за усвојување на годишниот финансиски извештај на Клубот за 2018 година;

1.6      Донесување одлука за усвојување на годишниот извештај за работењето на Клубот за 2018 година;

1.7      Донесување одлука за разрешување на членови на Извршен одбор на Клубот;

1.8      Донесување одлука за именување на членови на Извршен одбор на Клубот;

1.9      Донесување одлука за разрешување на Претседателот на Клубот;

1.10      Донесување одлука за именување на Претседател на Клубот;

1.11   Донесување одлука за именување на членови на Надзорен одбор на Клубот;

1.12   Разно

Ги покануваме сите наши членови со маркица за 2019 година да присуствуваат на Собранието.

 

14 април 2019 БЕЛОВИШКИ ВОДОПАД

Три водопади на Беловишка Река извираат од утробата на Пирибег, претпоследниот врв на долгата Шар Планина во нејзиниот западен дел. Пенливите води ги формираат трите водопади – Горна Скала, Долна Скала и Петачко Водиче. Третиот и најнискиот водопад локалното население го нарекува уште и Враживир. Планинарите се први кои пред 15 години почнаа да ја освојуваат оваа област и веќе обележаа патека, поставувајќи белези по дрвата од десната страна на Беловишка Река. Мештаните велат дека целиот тој простор, до врвовите на Шара е богат со дивеч – мечки, лисици, волци, дивокози, срни, но и со вистински ендемични растенија. Тие три водопади упатените тврдат дека се втори по должина на Балканот.  Петочко Водиче е на дофат на Беловиште, на само еден километар над селото и до него води оформен поплочен пат. Враживир не е само водопад, каде што по карпестиот дел водата прави скок од приближно петнаесет метри, туку локалитет кој се повеќе личи на туристичка месност. Патот води покрај селската црква „Св. Богородица“ и за возила завршува на пристапот, каде што посетителот го пречекува оформен простор со уреден базен, црковна трпезарија. Беловишка Река се преминува преку пешачко железно мовче кое води до две цркви „Св. Петка“ и „Св. Јован Крстител“. Сиот овој дел кој зафаќа простор од околу пет хектари го нарекуваат Петочко Водиче. Овде од корените на дрвјата излегуваат многу извори, но еден е не толку голем и насочен кон црквата „Св. Петка“, а велат дека бил лековит, особено за очи. Со децении доаѓале луѓе од многу места што имале проблеми со видот, а жители на Беловиште ќе речат дека „многумина се излекувале“. За овој извор се поврзува и градбата на црквичето.

ПРОГРАМА:

 14 април (недела) – Во 08:00ч. поаѓање од жел.станица – паркинг пред Пошта 2.

Околу 09:20ч пристигање во с.Беловиште (Тетовско).

Кратка подготовка и поаѓање кон месноста Петочко водиче и потоа нагоре по патека низ шумата кон видиковецот од каде се пружа убав поглед на најдолгиот дел од водопадот наречен Горна Скала. Пауза за фотографирање и закрепнување со храна.

Околу 11:30ч тргнување назад по истата патека до Петочко водиче и рестораните во кои по желба може да се добие свежа риба или друга храна и пијалок.

Должина на патеката – неполни 5км во двата правци.

Време на пешачење 3 – 4 часа. На две места на патеката има кратки стрмнини. Висинска разлика 400м.

Околу 15:00ч поаѓање за Скопје.

Акцијата е лесна и погодна за учесници од сите возрасти – од 7 до 77 години.

ЦЕНА – 250 денари за превоз.

ПРИЈАВУВАЊЕ  и УПЛАТА –  На редовен состанок на Клубот во четврток од 19ч. во предавална 311 на Машински факултет,  може да се уплати на жиро сметката на Клубот  300000003247596 / Комерцијална банка Скопје – со назнака: за Беловишки водопад,  или на тел. 070 725-880,  076 274-742 ;  e-mail: nikola.donovski@gmail.com

ПОТРЕБНА ОПРЕМА – облека и обувки според временските услови. Храна од ранец. Шише со вода 1л.

НАПОМЕНА – секој учесник учествува на сопствена одговорност. Сите учесници се должни да ги почитуваат наредбите и советите на водачите.

 

ВОДАЧИ – Дарко Трајковски, Никола Доновски и сите останати водачи на ПСК Макпетрол кои се слободни.